Ракомет

Прволигашот Младост од Богданци повторно го победи суперлигашот Радовиш на пријателски меч!

Сподели
Сподели

Синоќа во Богданци се одигра пријателски натпревар меѓу прволигашот Младост и суперлигашот Радовиш, кој заврши со победа за тимот од Богданци со резултат од 29:26. На полувреме резултатот беше 15:12.

Ова е втора победа за тимот на Младост против Радовиш, откако и пред една недела двете екипи се тестираа во реновираната СРЦ „25 мај“ во Радовиш.

Младост има суперлигашки амбиции и сака пласман во ракометната елита на Македонија, а тоа го покажува и преку овие две победи.

„Нашиот сениорски тим по втор пат го победи Суперлигашот РК Радовиш, во натпревар кој беше дел од подготовките за вториот дел од сезоната. Шанса за докажување добија сите играчи на нашиот тим и одлично сите ја искористија својата шанса“, велат од клубот.

Најдобар стрелец кај Младост на тестот против Радовиш беше Антонио Николоски, кој постигна осум гола, а го следеше Уча Гамзардиа со пет погодоци. Кај Радовиш новото засилување Томче Трајчевски имаше шест реализации.

За Спортска Мрежа од Младост потврдуваат дека во вториот дел од сезоната ќе водат борба за враќање во Суперлигата, затоа и се гради овој тим, кој преку овие тест натпревари покажа дека е зрел во таа борба за влез во Суперлигата.

Следен прјателски меч за Младост ќе биде против Мулти Есенс од Скопје, меч кој ќе се одигра во Богданци, а истиот е закажан за следниот викенд односно 15/16. февруари.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

„Добро бевме подготвени за натпреварот, а тоа го покажавме и на теренот“ – Ивановски по триумфот на Охрид во Езерското дерби!

Охрид убедливо го доби Езерското дерби, откако „гладијаторите“ со сигурна и доминантна игра славеа над Струга со 33-16. Избраниците на Борис Ројевиќ уште...

Кошарка

Суперкупот и купот на Македонија ќе се игра во Куманово, потпишана е соработка со КФМ

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, потпиша Меморандум за соработка со Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ), со што дополнително се зајакнува партнерството меѓу...

Поврзани написи
Ракомет

„Добро бевме подготвени за натпреварот, а тоа го покажавме и на теренот“ – Ивановски по триумфот на Охрид во Езерското дерби!

Охрид убедливо го доби Езерското дерби, откако „гладијаторите“ со сигурна и доминантна...

Ракомет

ФОТО: Младост прокоцка голема предност и на крај загуби од Прилеп

Ракометарите на Младост беа на чекор од првата сезонска победа, но на...

Ракомет

Охрид ‘безмилосен’ во Езерското дерби: „Гладијаторите“ со убедливи 33-16 против Струга

ГРК Охрид стигна до првата победа во новата сезона во Супер лигата,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!