Втора лигаТрета лигаФудбал

ФОТО: Слога Виница подобра на пријателски меч против Вардар Неготино во Дојран

Сподели
Сподели

Третолигашот Слога Виница денес во Дојран одигра нов пријателски меч против второлигашот Вардар Неготино и истиот го доби со резултат од 3:1.

Екипата на Слога Виница која е предводена од штипскиот стратег Емил Грнев е сместена во СЦ „Истатов“ во Дојран, каде овој спортски комплекс нуди одлични услови за подготовки на екипите, од спортски терени, спортска сала, одлични сместувачки капацитети, одлична храна.

ФОТО: Спортска Мрежа

Двоен стрелец за тимот на Слога Виница беше Филип Николовски, а еден гол постигна Октај Амедов, додека пак за Вардар Неготино.

Слога Виница е лидер во Трета лига – Исток со седум бодови повеќе во однос на второпласираниот Овче Поле и практично во пролетиот дел ќе се прошета и ќе го потврди првото место, па затоа фокусот е ставен на баражот, натпревар кој е последна пречка за Слога Виница да се врати во Втората лига.

Слога Виница ќе одигра уште неколку пријателски натпревари до почетокот на пролетниот дел од Трета лига – Исток, а пак Вардар Неготино пролетниот дел од Втората лига го отвара дома против Осогово, а целта на клубот е обезбедување на ран опстанок и мирна завршница од сезоната.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска...

Втора лигаФудбал

Како може Вардар Неготино до бараж за опстанок во Втора лига?

Десет кола до крајот, 30 бодови во игра и нов тренер –...

ИнтернационалциФудбал

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски останува во Борац до 2027

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски и официјално ја продолжи соработката со Борац...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!