Втора лигаФудбал

Башкими на пријателски меч го совлада Осогово во Кочани

Сподели
Сподели

Второлигашите Осогово и Башкими одиграа пријателски меч на Градскиот стадион во Кочани, каде тимот на Башкими преку пресврт со 1:2 беше подобар противник.

Домашниот тим преку Марио Симоски прв го отвори резултатот во 32. минута, а десет минути подоцна Фахрудин Ѓурѓевиќ постигна гол за 1:1 на полувреме. Во вториот дел од натпреварот Башкими преку Аган Алиу направи пресврт на конечните 1:2.

Стрелци за тимот од Куманово беа новите засилувања, а Башкими за пролетниот дел има за цел да обезбеди влез во Првата лига, додека пак Осогово да се избори за опстанок.

Пролетниот дел Башкими го отвара дома против Борец, а пак Осогово ќе има незгодно гостување кај Вардар Неготино, меч кој може да биде клучен за опстанок во Втората лига на кочанските „жетвари“.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Кавадарци ќе биде домаќин на 26. меморијален турнир „Вуко Каров и тиквешките легенди“ – три екипи во чест на фудбалските великани

Во сабота на Градскиот стадион во Кавадарци ќе се одржи 26. издание на традиционалниот меморијален турнир „Вуко Каров и тиквешките легенди 2026“, во...

Ракомет

Младост утре гостува во „Билјанини Извори“ кај Охрид

Ракометарите на Младост утре гостуваат кај фаворитот Охрид во рамките на 10. коло на Суперлигата, меч кој се игра во салата „Билјанини Извори“...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Две кола до зимската пауза, пет екипи под притисок — кој може да се оддалечи од опасната зона?

Репрезентативната пауза ја затекнува борбата за опстанок во Втората лига со четири...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера преку Истатов во полуфиналето, Ана Димитровска со четири гола го потона Кочани, домашни победи за Пелистер и Љуботен

Без изненадувања во Купот на Македонија во женска конкуренција, фаворитите лесно обезбедија...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!