ФудбалФудбалска репрезентација

Сашко Бајлозов избран за нов претседател на ОФС Валандово, Омерагиќ: Новото раководство на ФФМ обединува!

Сподели
Сподели

Вечерва се оддржа редовното изборно собрание на Општинскиот фубдалски сојуз Валандово, каде за нов претседател беше избран поранешниот фудбалер Сашко Бајлозов. Дополнително, ОФС Валандово даде поддршка и на актуелниот и иден претседател на ФФМ, Масар Омерагиќ.

Претседателот на ФФМ, Омерагиќ на својата официјална фејсбук страница напиша дека новото раководство на ФФМ обединува.

Новото раководство на ФФМ обединува! Не бега од проблемите, туку ги решава во интерес на фудбалот. Останува да видиме дали некои луѓе ќе ги остават настрана разликите од минатото или договорот за функција навистина ќе ги поттикне да работат за добро на македонскиот фудбал!? Бајлозов со месеци беше најгласниот критичар на ОФС Валандово и досегашниот претседател на Општинскиот сојуз. И на речиси секој состанок на Сојузот и во секое интервју, посебно во последните неколку недели, па дури и во приватни разговори, ја нагласуваше т.н. негативна страна од работата на ОФС Валандово. Својата репутација во последниот период ја изгради на максимата – “Јас сум праведниот глас против сето она што другите го претставуваат”. Човекот со “принципи”, оддеднаш седна и се договори со досегашниот претседател на Сојузот. И стана претседател на ОФС Валандово и делегат на собранието на ФФМ. И има неповторлива прилика да покаже дека се разликува од сѐ она што досега го критикуваше. Во спротивно… доколку не се држите до фудбалските принципи, толку е. Ова е мојата порака. Покажете дека сте тука за добро на македонскиот фудбал, а не за функција или лична корист. Истото важи за сите, но само со почитување на Статутот и процедурите. Надвор од тоа, ништо за никого, нема да помине. Правилата постојат за да се почитуваат“, напиша Омерагиќ на неговата официјална фејсбук страница.

Вечерва на изборното собрание на ОФС Валандово, беа избрани и делегатни, а беше предложен и член на УО на ФФМ.

„Новото раководство на ФФМ обединува! Не бега од проблемите, туку ги решава во интерес на фудбалот“, напиша в.д. генералниот секретар на ФФМ, Дрилон Ганиу.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Ракомет

,,Можеби нашата најдобра партија сезонава“ – Ројевиќ по триумфот над Пелистер!

Охрид продолжува да се наметнува на домашната сцена со своите импресивни настапи. Во 17. коло од македонската Супер лига, тимот на Охрид, вечерва...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

По шест месеци Беласица и Анатолиј Петејчук се разделија

Второлигашот Беласица и Анатолиј Петејчук по шест месеци се разделија. Струмичани започнуваат...

ФудбалФутсал

Што се случува со прволигашот Шкупи – тимот не допатува во Кавадарци за мечот со Клими?

Натпреварот од осмото коло на Првата футсал лига меѓу Клими и Шкупи...

ИнтернационалциФудбал

Игор Ангеловски си поднесе оставка по серијата порази на клупата на Етникос Акна

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски си поднесе оставка по...

Младински фудбалФудбал

Македонија ЃП водечка по првиот дел од сезоната во Пионерската Супер лига

Во последниот натпревар од првиот дел на сезоната во Пионерската Супер лига,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!