Втора лигаФудбал

Егзон Азири и Аган Алиу се нови играчи на Бакими – целта е Прва лига!

Сподели
Сподели

Екипата на Башкими која во пролетниот дел ќе води борба за директен влез во Првата лига промовираше два нови играчи. Станува збор за Егзон Азири и Аган Алиу.

Второлигашот Башкими за пролетниот дел од сезоната каде ќе води борба за влез во Првата македонска фудбалска лига, што е главна цел на тимот се засили со два нови играчи.

Се работи за 28-годишниот Егзон Азири и 18-годишниот Аган Алиу.

28-годишниот Азири е всушност повратник во редовите на Башкими, тој ќе биде големо засилување за тимот од Куманово, а има и меѓународно искуство. На домашната сцена настапуваше за Беса од Дбори Дол, Вардар Форино, Кораби од Дебар, Гоблен и Милано, а во странство настапуваше за екипи во Белгија и Германија.

Алиу има 18 години, тој е млад и талентиран играч кој ќе биде вистинско освежување за тимот на Баже Јанакиевски. Последните шест месеци Алиу ги помина со настап во Хрватска, а потекнува од Шкупи.

Башкими презимува на третото место на табелата со само еден бод негатива во однос на Брегалница која е втора, а целта на Башкими е директен влез во Првата лига, пролетниот дел го отвара против Борец на домашен терен.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ирена Велевачковска главна во Струмица, Здравко Костовски го доби дербито меѓу Скопје и Каменица Саса

Денес се играат натпреварите од 18. коло на Првата женска фудбалска лига, а познати се и судиите кои ќе делат правда. Веќе во...

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Без значајни промени во Втора лига – најмногу доби Осогово, Тетекс го стигна Кожуф!

Нема промени во врвот на Втората лига по одиграното 20. коло –...

ФудбалФутсал

СЕЕ Университи со убедлива победа три гола за Исмет Цека, трите бодови останаа во Кочани

Денес се одиграа уште два натпревари од 14. коло на Втората футсал...

ФудбалФутсал

Форца загуби во Крива Паланка – Станојковски носи победа за Осогово во битката за опстанок

Вечерва екипата на Осогово стигна до многу важна победа која можеби и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!