Второлигашот Новаци одигра пријателски меч со младинците на Пелистер и овој пријателски меч го доби со резултат од 7:0. Благој Стојчев постигна четири гола, а по еден гол постигнаа Стефан Јовановски, Бобан Здравевски и Андреј Ристевски.
Новаци ќе има некои промени во играчкиот кадар, откако заминаа неколку фудбалери, а целта во пролетниот дел ќе биде рано да се потврди опстанокот во Втората лига и да има мирна и лесна завршница од сезоната.
- ПОГЛЕДНЕТЕ ДЕЛ ОД АТМОСФЕРАТА НА ПРИЈАТЕЛСКИ МЕЧ НОВАЦИ – ПЕЛИСТЕР (младинци):
Новаци презимува на 11. место на табелата со освоени 18 бодови, а пролетниот дел Новаци го отвара на домашен терен против тимот на Детонит Плачковица од Радовиш.