РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Само победа е опција за Македонија против Ерменија!

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Македонската фудбалска репрезентација на стартот од новото издание на Лигата на нации разочара откако одигра само 1:1 против Фарски Острови во гости, а веќе утре има шанса да се поправи против Ерменија, во меч каде само победа е опција, се друго ќе биде нов неуспех.

Македонија денес го одработи тренингот пред утрешниот меч со Ерменија, кој се игра на Националната арена во Скопје, а селекторот Благоја Милевски вели дека нема разочарување по оние 1:1 со Фарски Острови.

“Ментално ништо не е променето, познавајќи ги моите фудбалери, тие се максимално подготвени за секој нареден предизвик. Нема разочарување по одиграните 1:1 со Фарски Острови. Без никакво потценување на селекциите како Летонија и Фарски Острови, сметам дека дуелите со Ерменија ќе бидат клучните за нас во борбата за првото место во групата. Не остваривме победа во воведното коло од новото издание на Лигата на нации, но нема предавање. Мечот со Фарски Острови е зад нас, со мислите сме комплетно насочени кон дуелот со Ерменија. Нашата улога секогаш е важна, без оглед на против која селекција играме. Од нас самите зависи како ќе одиграме утре и дали ќе оствариме позитивен резултат” рече Милевски.

Голманот Столе Димитриевски вели дека победата е единственото нешто што го посакуваат на утрешниот меч.

“Како заменик капитен на Македонија, максимално сум фокусиран и мотивиран за да го одработам мечот со Ерменија. За нас најважно е да се победи утре, за да си ги зголемиме можностите за првото место во групата. Во овој момент најважен е утрешниот натпревар против селекцијата на Ерменија. Се надевам дека утре ќе се покажеме во добро светло, ќе одиграме добар натпревар и ќе забележиме победа. Победата е единственото нешто што го посакуваме на утрешниот меч. Анализиравме многу и подготвени сме за утрешниот натпревар”, рече Димитриевски.

Мечот се игра во 20:45 часот.

Алексадар Ванев, Спортска Мрежа

 

 

 

 

 

 

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Алаѓозовски: Против Шкупи, посакуваме да ја завршиме годината во позитивен стил

Брера Струмица со четири порази во низа од последните пет средби денес во Струга против „фенерџијата“ ќе бара враќање на победата и со...

Прва лигаФудбал

Работнички во обид да спаси, што може да се спаси, во последниот есенски меч

Работнички имаше очајна есен, досега собра само седум бодови и се наоѓа на претпоследната позиција на табелата во Првата лига. Со само една...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија до реми со Словенија по драматичен финиш во Анкара!

Женската ракометна репрезентација на Македонија избори големо реми против Словенија (23-23) на...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија има тежок пат до СП 2026, но би играла во “најлесната група”: Фудбалската магла над баражот 

Македонската фудбалска репрезентација е пред нов голем предизвик, овојпат во борбата за...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Ако се пласираме на СП 2026: Македонија ќе игра со Мексико, Јужна Африка и Јужна Кореја

Македонската фудбалска репрезентација може да стане дел од историското Светско првенство во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!