ТурнириФудбал

Фудбалските таленти на ФК Џокер ќе учествуваат на „Златибор Куп“

Сподели
Сподели

Фудбалскиот клуб Џокер ќе учествува на познатниот „Златибор Куп“ во Србија, турнир на кој учествуваат големи фудбалски гиганти од Европа.

За младите фудбалери на ФК Џокер оваа ќе биде одлична можност на терен да ги одмерат силите со големи клубови од цела Европа.

„По многуте добиени покани за учество на повеќе турнири, една од поканата која неможевме да ја одбиеме е токму за прекрасниот Златибор Куп“, велат од клубот.

ФК Џокер од Фурка, Дојран, е формиран во 2018 година, клуб кој посетува свое игралиште на кое тренираат сите дечиња, а ФК Џокер важи за една од најдобрите фудбалски школи во Македонија, во која тренираат околу 70 дечиња на возраст од 6 до 13 години во машка и женска конкуренција.


На „Златибор Куп“ ќе учествуваат големи фудбалски гиганти како Торино од Италија, Бенфика од Португалија, ЦСКА Софија од Бугарија, Осијек од Хрватска, Партизан од Србија, Црвена Ѕвезда од Србија, академијата на Лацио од Букурешт, Романија и многу други големи фудбалски имиња.

„Турнирот кој од година во година станува се по масовен и елитен ќе биде повторно дел од нашата програма за оваа година, каде што очекуваме нашите дечиња да остварат големи успеси на истиот турнир“, додаваат од ФК Џокер.

Досега ФК Џокер има учествувано на околу 250 турнири како во Македонија така и во странство, а клубот како што претходно информираше Спортска Мрежа, ФК Џокер се подготвува и за организирање на елитен турнир во општина Дојран.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!