Ракомет

Фаворитите со убедливи победи, Астибо преку Марија Анчева до триумф над Скопје

Сподели
Сподели

Со натпреварите од 1. коло овој викенд започна новата сезона во ракометната Суперлига во женска конкуренција, а кое коло ќе се комплетира в среда со мечот меѓу Шампион и Ѓорче Петров.

Првото коло помина според очекуваното односно фаворитите запишаа победи и успешно ја започнаа новата сезона.

Металург Автокоманда на гостувањето кај Овче Поле славеше висока победа од 13:33 во натпревар каде Сара Миновска постигна седум погодоци, а пет гола имаше Марија Гугуљанова, додека пак кај домашниот тим четири погодоци имаше Јована Ангеловска.

Пелистер со 38:12 ја декласираше Гевгелија која имаше сили да постигне по шест погодоци во двете полувремиња. Трите бодови останаа во Битола, а за Пелистер најдобар стрелец беше Моника Босиловска, додека пак за Гевгелија по три погодоци имаа Блавица Ступар и Симона Динева.

Чаир на домашен терен сосема очекувано ја оправда фаворитската улога против Стружанка над која славеше висока победа од 36:16. За домашниот тим Рона Мифтари со 11 погодоци беше најдобра, а пак за гостинот со седум погодоци најмногу се истакна Маја Раткушиноска.

Астибо со победа ја отвори новата сезона откако на гостински терен со 28:30 славеше над Скопје, во меч каде Марија Анчева со 16 погодоци беше најдобра на средбата и практично најдобриот стрелец во Суперликата за ланската сезона постигна повеќе од половина погодоци за штипскиот клуб.

За домашниот тим со пет погодоци се истакна Јана Петровска.

Деспина на домашен терен беше поразена од екипата на Вардар со резултат од 21:33. За екипата на Деспина шест погодоци постигна Ангела Камческа, а пак за екипата на Вардар најдобра со осум погодоци беше Леона Миленковска.

Следниот викенд на програмата ќе бидат мечевите од 2. коло.

Александар Ванев, Спортска Мрежа

 

Сподели

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

(ФОТО) Готен сезоната ја отвара против Сачево, Василево против Струмешница, Единство налета на Спартмани

Вечерва беше извлечена ждрепката за новата сезона во Четвртата фудбалска лига во Струмица, односно Општинската лига, која стартува веќе во недела, а ќе...

Втора лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Охрид и Брера, Влатко Илиоски го доби дербито под рефлектори во Струмица

Викендот на програмата се натпреварите од 7. коло на Втората македонска фудбалска лига, а кое коло ќе се игра во два дена, односно...

Поврзани написи
Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти...

Ракомет

Вардар немоќен пред Висла Плоцк: Трет пораз за „црвено-црните“ во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар 1961 го претрпеа третиот пораз во Лигата на шампионите,...

Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!