Младински фудбалФудбал

Брера Струмица е вистински фудбалски расадник: Повикани 18 играчи во репрезентациите на Македонија!

Сподели
Сподели

Брера Струмица е вистински фудбалски расадник, а потврда за тоа е повикот на 18 играчи во репрезентациите на Македонија.

Струмичани доминираат со сите категории, за што имаат заслужен повик и со гордост ќе го носат репрезентативниот дрес.

Во репрезентацијата на Македонија до 15 години повикани се Димитар Петров, Матеј Бочевски и Павел Стојанов. Во репрезентацијата на Македонија до 16 години повик од Брера Струмица добија Стефан Јордановски и Лука Георгиоски, а пак во репрезентацијата до 18 години повикани се Александар Трајков, Албан Рочи, Иван Танчев и Андреј Димовски.

Во македонската репрезетнација до 19 години повик добија Давид Илиоски, Каменчо Андоновски и Игор Ристов, додека пак во репрезентацијата на Македонија до 21 година повик добија Славе Вргов, Андреј Велков, Марко Стојилевски, Андреј Аризанковски, Мартин Ѓоргиевски и Даниел Диковски.

Оваа е потврда дека во Брера Струмица се работи одлични со фудбалските таленти кои се на прав пат да направат големи кариери, пред се меѓународни.

Брера Струмица доминира во младинската суперлига каде се наоѓа на првото место со 30 бодови, струмичани имаат учинок од девет победи, три ремија и еден пораз со најмногу постигнати погодоци вкупно 41 и втора најдобра одбрана со осум примени погодоци, зад одбраната на Работнички која прими седум погодоци, а младите „романтичарите“ се зад Брера Струмица односно на второто место со бод помалку или 29 бодови.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Силекс ја пречекува Шкендија Арачиново во Кратово: дуел за важни бодови

Со натпреварот меѓу Силекс и Шкендија Арачиново денеска започнува 11. коло во Првата македонска фудбалска лига. Двете екипи влегуваат во пресметката со јасна...

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Силекс ја пречекува Шкендија Арачиново во Кратово: дуел за важни бодови

Со натпреварот меѓу Силекс и Шкендија Арачиново денеска започнува 11. коло во...

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!