Трета лигаФудбал

(ВИДЕО) Нема субвенции за третолигашите, министерот Ристовски вели дека спортот не е социјална мерка, спортот не е земјоделие!

Сподели
Сподели

Министерот за спорт, Борко Ристовски, вели дека екипите во Третата македонска фудбалска лига нема да добиваат субвенции, односно финансиска помош од министерството. Ристовски, исто така, истакна дека ниту една Трета лига во било кој спорт нема да биде субвенционирана.

На прашањето на спортскиот новинар Александар Ванев, за М Нет телевизија, дали ќе добиваат субвенции третолигашите, министерот вели дека нема никаква економска исплатливост да се финансира Трета лига, дополнително тој вели дека спортот не  е социјална мерка, спортот не е земјоделие па да се финанси се и сешто како што вели министерот.

„Ние цениме како министерство за спорт дека субвенционирање на Трета фудбалска лига воопшто нема да има во ниту еден спорт не само во фудбалот, затоа што ние не сме држава која има колкави буџети па да можеме да си дозволиме и на крај на денот не гледаме никаква економска исплатливост во тоа да финансирате Трета лига, без разлика да се работи за фудбал, кошарка ракомет, одбојка или било кој друг спорт. Мислам дека треба наместо тој квантитет од три лиги да се сконцентрира во Прва и Втора и да се направи една стратегија. Ние имавме во текот на вчерашниот ден иницијален состанок со претседателот на ФФМ и направивиме начелно некои договори како ќе изгледа субвенционирањето во фудбалот конректно, што е уште поважно ние веќе имаме еден таков стратегиски договор со одбојкарската федерација на Македонија, во наредниот период ќе имаме и со ракометната и со кошаркарската, со фудбалската веќе го остваривме. Мора да има една заедничка стратегија што ќе финансира државата, затоа што знаете и сами во изминатите седум осум години се финансира спортот меѓутоа апсолутно никаков напредок има. Со самото тоа логично ако вие сакате да имате спорт како до сега треба да го финансирате како до сега, така да ние не сме за финансирање како до сега и да имаме спорт како до сега затоа некои работи мора да се променат. Сите мора да сфатат и Трета лига и Втора лига и фудбал, генерално спортот мора да сфати дека спортот не е социјална мерка, спортот не е земјоделие па да финансираме се и сешто, треба да се знае во државата што се финансира, начин на кој се финансира и кои бенефити ќе ги видиме од финансирањето. Откога е воведен ваучерот седум години осум, не знам точно колку е меѓутоа седум осум години спортот е буквално на ниво на, не знам, никакви резултати никакви успеси нема. Нема зголемување на млади деца, сите само отвараат клубови за да ја добиваат таа помош од државата што мислам дека апсолутно погрешно и ние тој начин сакаме да го смениме, нормално во интерес на спортот и на вистинските вљубеници во спортот и на крај на денот ќе бараме и бараме резултати за се она кое што е добиено од државата или ќе го добиваат во иднина. Некои работи мора да се променат и во начин на функционирање и начинот на функционирање на субјектите кои што ги добиваат тие средства, затоа што има многу голем број на проневери сетоа тоа се изражува, досега имаме откриено барем десеттина малверзации“, рече министерот Борко Ристовски за М Нет телевизија.

  • ПРИЛОГ НА СПОРТСКИОТ НОВИНАР АЛЕКСАНДАР ВАНЕВ, ЗА М НЕТ ТЕЛЕВИЗИЈА:

Во Македонија во колективните спортови има Трета фудбалска лига со пет региони, односно Југозапад, Запад, Југ, Север и Исток, како и Трета кошаркарска лига.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

ВИДЕО: Радовишанецот Ѓоргиев со гол на своето деби – погоди против Алкалоид и го надмудри Галевски!

Ракометниот клуб Радовиш и покрај новиот пораз во првенството излезе со светла точка од дуелот во Автокоманда – промовирање на ново младинско богатство....

Втора лигаФудбал

Што ќе донесат денешните натпревари во Виница и Големо Коњари?

Пополека доаѓа моментот за комплетирање на 15. коло на Втората лига кое е последно за есенската полусезона, а со тоа да го имаме...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Што ќе донесат денешните натпревари во Виница и Големо Коњари?

Пополека доаѓа моментот за комплетирање на 15. коло на Втората лига кое...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Големо Коњари – Тетекс

„Фенерџијата“ Големо Коњари на домашен терен ќе го пречека тимот на Тетекс...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Слога Виница – Охрид

Денес на Градскиот стадион во Виница се игра мечот од 15. коло...

Фудбал

Висок пораз на битолски Конзули во Кочани – четири гола за Христијан Крстов

Синоќа беше отворено 7. коло во Втората футсал лига со убедливата победа...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!