ФудбалФудбалска репрезентација

ФФМ организираше семинар за медицински лица на тема – Ургентни состојби и траума во фудбалот

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Фудбалската федерација на Македонија го спроведе годишниот семинар за доктори и физиотерапевти на тема „Ургентни состојби и траума во фудбалот“.

Настанот го проследија тимските доктори и физиотерапевти од националните репрезентации, како и клупските доктори и физиотерапевти од Прва и Втора МФЛ и од Прва ЖФЛ.

Организирана од Секторот за медицина и антидопинг и поддржана од УЕФА, медицинската работилница се одржа на 25. и 26. јануари 2025 година во хотел „Хилтон“ и истата имаше за цел да им ги презентира на тимските и клупските лекари и физиотерапевти најновите знаења и техники поврзани со ургентните медицински состојби во фудбалот.

Утринските сесии беа посветени на суштински теми и понудија теоретско знаење кое му е неопходно на секое медицинско лице за да биде добро подготвено да се справи со низа критични ситуации, вклучително и формулирање на акциони планови за итни случаи, спроведување на првични проценки на повредени играчи, решавање на инциденти со ненадеен срцев удар на теренот и практични демонстрации на процедури за итни случаи на теренот.

Предавањата од областа на трауматологијата ги држеа д-р Михајло Ивановски, д-р Александар Милески и д-р Небојша Настов, додека обуката за основно и напредно животно одржување и раната реанимација и брзата дефибрилација ја држеа д-р Азби Агуши и д-р Игор Неделковски. Брифинг за итни случаи на теренот даде и д-р Невзат Јонузи.

Во попладневните часови, учесниците имаа можност да се стекнат со практично искуство изведувајќи вежби на фантоми од медицинскиот симулациски центар.

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Силекс му се доближува на бод со победа, Вардар во Кратово може да ја намали разликата до врвот

Силекс освои 11 од своите 17 бода во Кратово. В сабота, 7 ноември од 13 часот, таму го пречекува Вардар, кој има 21...

ФудбалФутсал

Дерби пресметка во Кавадарци: Црна Река го пречекува Балкан

В недела од 19 часот во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци ќе се одигра дербито на 4. коло на Втората футсал лига меѓу...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Дерби пресметка во Кавадарци: Црна Река го пречекува Балкан

В недела од 19 часот во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци ќе...

Прва лигаФудбал

Вареловски: Ќе дадеме се од себе трите бода да останат во Кавадарци

Тиквеш продолжува со одличните настапи во Првата македонска фудбалска лига, а амбициите...

Прва лигаФудбал

Варадиновски бара ново изненадување, Скопје на испит кај Тиквеш

Фудбалерите на Скопје во минатото коло успеаја да го изненадат Силекс, ремизирајќи...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!