Насаф Шабанов сепак нема да настапува за прилепска Победа во пролетниот дел, иако 25-годишниот играч пристина од второлигашот Новаци во поранешниот прволигаш од Прилеп, но како што дознава Спортска Мрежа двете страни не се договориле на соработка, а тоа го потврди и самиот Шабанов за Спортска Мрежа.
Тој е слободен и кариерата ќе ја продолжи во нова средина, а Победа ќе мора да бара ново засилување за пролетните предизвици кои ќе бидат пред клубот!
Низ својата кариера покрај за Новаци, Насаф има настапувано и за поранешните второлигаши Братство од Житоше, Локомотива од Градско, Превалец и Беласица, а имаше авантура и во Германија и Хрватска.