ИнтернационалциФудбал

Ристо Танев е нов генерален директор на грчки АЕП од Поликастро!

Сподели
Сподели

Грчкиот клуб АЕП од Поликастро одлучи својот поранешен играч, Ристо Танев, да го назначи за нов генерален директор на клубот.

Танев е легенда на овој клуб, за кој настапуваше во два наврати, тој се враќа во клубот каде имаше одлични успеси, многу погодоци, убави спомени, но сега во нова улога.

Танев е поранешен фудбалер и на Кожуф од каде и ја започна својата кариера настапувајќи во сите категории за клубот, а во младинската категорија две сезони по ред беше најдобар стрелец за клубот од Гевгелија. Танев е и поранешен член на младинските репрезентации на Македонија.

По завршувањето на играчката кариера тој го водеше и Кожуф, беше дел од управата на клубот како спортски директор и успеа клубот да го донесе на вистинскиот пат, во Втората лига, стабилен клуб, со одлични резултати, одлична организациска поставеност, со цел и визија како што треба за еден стабилен клуб.

Танев со големо искуство како играч, со големо искуство како член на управа на еден фудбалски клуб сега ќе треба да го пренесе тоа знаење и во неговиот поранешен клуб од Грција.

АЕП се одлучи Танев да го постави за нов генерален директор, а тој се враќа во средина добро позната за него, клуб и средина кои се неговиот втор дом, каде поминал одлични години и ќе се обиде неговиот поранешен клуб да го изненесе на вистинскиот пат односно клубот да избори влез од Третата во Втората грчка лига, а клубот сега е на второто место со само еден бод негатива во однос на лидерот. 12 години Танев играше фудбал во Грција, а тој беше и првиот Македонец кој станал капитен на грчки клуб. Својата професионална фудбалска кариера Танев ја заврши токму во АЕП од Поликастро.

Танев во сезона 2002/2003 како играч со грчкиот клуб беше шампион, а сега силно верува дека и со новата улога како генерален директор ќе успее да биде шампион и со тоа клубот од следната сезона да биде дел од Втората грчка лига.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Младост утре гостува во „Билјанини Извори“ кај Охрид

Ракометарите на Младост утре гостуваат кај фаворитот Охрид во рамките на 10. коло на Суперлигата, меч кој се игра во салата „Билјанини Извори“...

Кошарка

Ираклис пресилен за МЗТ Скопје – македонскиот шампион го запиша шестиот пораз во ФИБА Еврокупот!

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром продолжува без победа во ФИБА Еврокупот, откако на гостувањето во Солун претрпе убедлив пораз од грчки Ираклис...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Две кола до зимската пауза, пет екипи под притисок — кој може да се оддалечи од опасната зона?

Репрезентативната пауза ја затекнува борбата за опстанок во Втората лига со четири...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера преку Истатов во полуфиналето, Ана Димитровска со четири гола го потона Кочани, домашни победи за Пелистер и Љуботен

Без изненадувања во Купот на Македонија во женска конкуренција, фаворитите лесно обезбедија...

РакометФудбал

(ФОТО) Ајдуци реагираат: Вчера Астраион, денес Тиверија, струмичка спортска мизерија

Навивачката група „Ајдуци“ од Струмица, на натпреварот од 6. коло на кошаркарската...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!