Третолигашот Слога Виница одигра реми без погодоци против второлигашот Каменица Саса, пријателски меч кој се одигра на Градскиот стадион во Виница.
Натпревар каде кормиларите и на двете екипи шанси даваат на играчите и комбинираа за тоа што практично ги очекува во текот на првенството во Третата односно Втората лига.
Слога Виница без проблеми ќе се прошета во Трета лига – Исток и ќе го потврди првото место и со тоа ќе мора да го добие баражот, тој финален натпревар за да се врати во Втора лига, а од друга страна Саса е сигурна во Втората лига и во пролетниот дел ќе игра за што е можно подобар пласман и сезоната да ја заврши во горниот дел од сезоната.
Сања Секулоска, Спортска Мрежа