Трета лигаФудбал

ФОТО: Слога Виница започна со походот кон враќање во Втората лига!

Сподели
Сподели

Третолигашот Слога Виница ги започна подготовките за пролетната полусезона каде амбициозниот клуб од Виница сака потврда на првото место и со тоа обезбедување на баражот за враќање во Втората лига.

Тимот предводен од штипскиот стратег Емил Грнев првата фаза од подготовките ќе ја одработи во Виница, а потоа тимот ќе се „пресели“ во Дојран, каде ќе одиграни и неколку пријателски натпревари, за што инфорамираше Спортска Мрежа. Во Дојран, тимот ќе се подготвува од 27. јануари до 3. февруари.

Тимот е квалитетни засилен со Иван Настевски, Тони Мирчевски, Дарко Стојанов, Филип Николовски, Љупче Христовски и голманот Антонио Столевски, а тимот води преговори за уште две до три засилувања.

Во однос на пријателските натпревари екипата ќе се тестира со Каменица Саса, Кожуф, Вардар Неготино, Осогово и Тетекс.

Слога Виница е есенски шампион во Трета лига – Исток, има седум бодови повеќе во однос на второпласираниот Овче Поле од Свети Николе.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Игор Ангеловски со голема победа: Таџикистан ја совлада Кина

Игор Ангеловски запиша значаен триумф како селектор на Таџикистан, откако неговата репрезентација со 1:0 ја совлада Кина во пријателски натпревар одигран во Чонгкинг....

КупФудбал

КУП: Тиквеш со 13 гола го доби третолигашот Крошу Спорт како на тренинг меч

Тиквеш воопшто не се испоти за да се пласира во осминафиналето од Купот на Македонија, откако со 0:13 го декласираше третолигашот Крошу Спорт...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Игор Ангеловски со голема победа: Таџикистан ја совлада Кина

Игор Ангеловски запиша значаен триумф како селектор на Таџикистан, откако неговата репрезентација...

КупФудбал

КУП: Тиквеш со 13 гола го доби третолигашот Крошу Спорт како на тренинг меч

Тиквеш воопшто не се испоти за да се пласира во осминафиналето од...

ФудбалФутсал

Никола Анчевски се врати дома: Анче повторно во дресот на шампионот Проект

Шампионот Проект во еден ден претстави три нови засилувања, по промоциите на...

ФудбалФутсал

Кирил Неделков е ново засилување на шампионот Проект

Македонскиот шампион Проект промовираше уште едно засилување, Кирил Неделков промовиран во тимот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!