Прва женска фудбалска лигаФудбал

“Истатовки” ги започнаа подготовките во зимски услови

Сподели
Сподели

Прволигашот СЦ Истатов ги “запали моторите” во зимски услови. Клубот кој го предводи искусниот стратег Кирил Изов вчера ја имаше првата прозивка за означување на старт на зимските подготовките за вториот дел од Првата женска фудбалска лига и предизвиците во Купот.

Во снежното скопско “Пржино” беше одработен првиот тренинг на снег.

“Мотивирани, расположени и насмеани нашите девојки ги истрчаа првите километри на теренот во Пржино кој е покриен со снег, но истиот не претставуваше пречка во реализација на планираните активности”, велат од клубот.

Првата фаза ќе се одработи во Скопје, а потоа тимот ќе замине на подготовки во Дојран, каде ќе се темпира формата во СЦ “Истатов” каде има перфектни услови, а каде доаѓаат екипи од Македонија и странство на подготовки.

“Закажани се пријателски натпревари со шампионот Љуботен на 1. февруари, на 15. февруари играме со соседот ЖФК Скопје, на 22. февруари ќе гостуваме во Речица, додека викендот 08/09. февруари е резервиран за гостување во Србија и двомеч со Машинац во Ниш. Планираме да го засилиме дополнително и тимот, веќе ни пристапи Андреа Коловска од ЖФК Љуботен, во преговори сме со уште неколку млади фудбалерки, но според мене најголеми засилувања за тимот ќе биде враќањето од повреди на стоперот Катерина Петкова и најдобриот стрелец Кристина Петрушевска кои се фит и од 15. јануари ќе се приклучат на тимот и на подготовките“, изјави стратегот Кирил Изов за Спортска Мрежа.

СЦ Истатов пролетниот дел го отвара на домашен терен против лидерот Тиверија Брера од Струмица.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје ја потврди доминацијата во дербито со Работнички, возбудливо коло во кошаркарската Суперлига

Десеттото коло во македонската кошаркарска Суперлига понуди различни сценарија – од еднострано градско дерби во Скопје, до драматични завршници и високи резултати на...

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

По шест месеци Беласица и Анатолиј Петејчук се разделија

Второлигашот Беласица и Анатолиј Петејчук по шест месеци се разделија. Струмичани започнуваат...

ФудбалФутсал

Што се случува со прволигашот Шкупи – тимот не допатува во Кавадарци за мечот со Клими?

Натпреварот од осмото коло на Првата футсал лига меѓу Клими и Шкупи...

ИнтернационалциФудбал

Игор Ангеловски си поднесе оставка по серијата порази на клупата на Етникос Акна

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски си поднесе оставка по...

Младински фудбалФудбал

Македонија ЃП водечка по првиот дел од сезоната во Пионерската Супер лига

Во последниот натпревар од првиот дел на сезоната во Пионерската Супер лига,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!