Прва лигаФудбал

Шкендија ги закажа пријателските натпревари, генералката ќе биде против Динамо Киев

Сподели
ФОТО: KF Shkëndija
Сподели

Тетовска Шкендија ги закажа пријателските натпревари преку кои ќе ја темпира формата за пролетниот дел во кој ќе води борба за освојување на шампионската титула.

Првиот првијателски меч Шкендија ќе го одигра против Беласица во Струмица на 17. јануари, на 22. јануари против Тиквеш, по што тимот заминува за Анталија, а таму ќе одигра четири пријателски натпревари.

На 26. јануари ќе следува тестот со тимоот на Јелимај Семеј од Казахстан, на 30. јануари против Зориа Луганск, на 3. февруари против Сент Полтен од Австрија, а пак генералката ќе биде против Динамо Киев на 6. февруари, по што тимот ќе се врати во Македонија.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Трето полувреме на мечот меѓу Башкими 2008 и Младост од Кривогаштани

Трето полувреме на натпреварот меѓу Башкими 2008 и Младост од Кривогаштани, кој се одигра на 9. март, а во рамки на 15. коло...

Прва лигаФудбал

Во ЖИВО: Гледајте ги натпреварите од 24. коло на Прва лига (четири натпревари)

Денес ќе биде комплетирано 24. коло од Првата македонска фудбалска лига, откако истото беше отворено вчера со дербито меѓу Вардар и Шкендија, меч...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Трето полувреме на мечот меѓу Башкими 2008 и Младост од Кривогаштани

Трето полувреме на натпреварот меѓу Башкими 2008 и Младост од Кривогаштани, кој...

Прва лигаФудбал

Во ЖИВО: Гледајте ги натпреварите од 24. коло на Прва лига (четири натпревари)

Денес ќе биде комплетирано 24. коло од Првата македонска фудбалска лига, откако...

Трета лигаФудбал

Младеновски ќе им суди на Кадино и Аеродром, Тодоровски на Куманово и Шкендија Арачиново

Денес со натпреварот меѓу Кадино и Аеродром ќе биде отворено 16. коло...

Трета лигаФудбал

Стојсавлевиќ ќе им суди на Слога и Големо Коњари, Костов на Венец и Питу Гули!

Во недела ќе се одиграат пет натпревари од 16. коло на Трета...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!