ИнтернационалциФудбал

Албанска Вора се засили со Емир Скендери од Беса

Сподели
Сподели

Албанскиот второлигаш Вора, кој е есенски шампион во Втората лига, се засили со Емир Скендери, кој доаѓа од редовите на македонскиот прволигаш Беса од Добри Дол.

Скендери кој има 24 години ќе биде големо засилување за тимот на Вора, кој сака да обезбеди влез во Првата албанска лига.

Скендери покрај за Беса има настапувано и за Македонија ЃП, Струга Трим Лум, Брер Струмица тогашна Академија Пандев, Тиквеш и Кожуф.

Вора е на врвот од табелата со 44 бодови, два повеќе од Фламуртари. Пролетниот дел од Втората албанска лига започнува на 19. јануари, а новиот тим на Скендери сезоната ја отвара против Лушња.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Штип носи прва шанса за поправен: Македонија против Естонија во трката за следната рунда

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија в сабота, на 14 ноември од 18 часот, ќе ја пречека Естонија во спортскиот центар „Џексон“ во Штип....

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!