Актуелниот ракометен шампион на Македонија, Еурофарм Пелистер, ги започна подготовките за пролетната полусезона во која битолскиот тим атакува на освојување на двојната титула.
Македонските репрезентативци, голманот Никола Митревски, Филип Кузмановски, Жарко Пешевски, Петар и Павле Атанасијевиќ и Ненад Костески, Тунижанецот Хосни и Словенецот Цехте ќе се приклучат на подготовките на битолскиот тим штом ќе им завршат активностите на Светското првенство во Хрватска, Норвешка и Данска.
Кон првиот тим се приклчени неколку членови на Еурофарм Пелистер 2, овие денови следуваат тестови и тренинг сесии во спортската сала „Боро Чурлевски“.
Вториот дел од подготовките, од први февруари, екипата на Еурофарм Пелистер ќе го реализира во Стара Пазова, Србија. Пролетнито дел шампионот го отвара на домашен терен против тимот на Куманово.