Прва лигаФудбал

Васоски означи старт – Силекс ги започна подготовките: Кратово сака титула!

Сподели
ФОТО: ФК Силекс
Сподели

Есенскиот шампион во Првата македонска фудбалска лига, екипата на Силекс, денес ги започна подготовките за пролетните предизивци, каде тимот на Александар Васоски ќе атакува на освојување на титулата после долгата пауза.

Денес, во Кратово беше одржан првиот тренинг со што започнува борбата во походот по титулата во фудбалската елита на Македонија.

Силекс е на врвот од табелата со 37 бодови, колку што имаат Шкендија и Работнички, па затоа во пролениот дел ќе гледаме повеќе од неизвесна и пеколна борба за освојување на титулата.

ФОТО: ФК Силекс

Прволигашот од Кратово имаше одлична есен зад себе, прикажа допадлив фудбал, имаше и најмногу победи вкупно 11, четири ремимја и три порази, а ја има и најдобрата одбрана заедно со Работнички, со по осум примени погодоци.

Првата фаза од подготовките ќе се одработи во Кратово, а на 22. јануари тимот ќе „летне“ за Анталија, Турција, каде ќе остане до 5. февруари и каде ќе одигра пет пријателски.


Првата контролка на турско тло ќе биде против Нефтчи Фергана, закажана за 24. јануари, четири дена подоцна тестирање со Пахтакор, на 31. јануари против Ружомберок.

ФОТО: ФК Силекс

 

На 3. февруари тестирање со Аск Боитсберт, а пак на 4. февруари Силекс ќе одигра контролен натпревар против Железничар.

Силекс пролетниот дел од Првата фудбалска лига го отвара на домашен терен, ќе го пречека актуелниот освојувач на Купот, Тиквеш од Кавадарци. Пролетната полусезона ќе биде отворена со натпреварте од 19. коло на 16. февруари.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје ја потврди доминацијата во дербито со Работнички, возбудливо коло во кошаркарската Суперлига

Десеттото коло во македонската кошаркарска Суперлига понуди различни сценарија – од еднострано градско дерби во Скопје, до драматични завршници и високи резултати на...

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

По шест месеци Беласица и Анатолиј Петејчук се разделија

Второлигашот Беласица и Анатолиј Петејчук по шест месеци се разделија. Струмичани започнуваат...

ФудбалФутсал

Што се случува со прволигашот Шкупи – тимот не допатува во Кавадарци за мечот со Клими?

Натпреварот од осмото коло на Првата футсал лига меѓу Клими и Шкупи...

ИнтернационалциФудбал

Игор Ангеловски си поднесе оставка по серијата порази на клупата на Етникос Акна

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски си поднесе оставка по...

Младински фудбалФудбал

Македонија ЃП водечка по првиот дел од сезоната во Пионерската Супер лига

Во последниот натпревар од првиот дел на сезоната во Пионерската Супер лига,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!