Втора лигаФудбал

Детонит Плачковица го врати Смилков, се засили со Дебрешлиоски, а го промовираше и Манасиевски

Сподели
Сподели

Второлигашот Детонит Плачковица се засили со уште двајца играчи за пролетниот дел, станува збор за Александар Смилков кој е повратник во тимот, како и со Давид Дебрешлиоски кој доаѓа од редовите на Победа, а пак официјална промоција следуваше и на Филип Манасиевски, кој доаѓа од Кожуф, а за што Спортска Мрежа објави пред неколку денови, а сега клубот само го потврди трансферот со официјална промоција.

21-годишниот Смилков е повратник во Детонит Плачковица, доаѓа од тимот на Каменица Саса, а дресот на радовишкиот тим го носеше во период од август 2022 година до февруари 2024 година, кога премина меѓу „рударарите“ од Македонска Каменица.

Младиот фудбалер од Штип успешно настапуваше за радовишани во неговиот прв престој во овој тим, а одлично одигра и во дресот на Саса. Претходно има настапувано и за младинските погони на Брегалница, од каде и потекнува.

20-годишниот Дебрешлиоски е дете на Победа, од каде и доаѓа во таборот на радовишани, а една полусезона одигра и за поранешниот второлигаш Братство од Житоше. Млад фудбалер кој е одлично поткован и ќе биде одлично освежување за радовишкиот тим.

Како што веќе информираше Спортска Мрежа, Филип Манасиевски го замени дресот на Кожуф со оној на Детонит Плачковица. Денес и официјално истиот ќе биде претставен од клубот. 23-годишникот беше дел од Борец, Осогово од Кочани и Вардар од каде и потекнува, а имаше своја авантура од април 2023 до јуни 2023 во Канада.

Претходно, како што веќе информираше Спортска Мрежа, радовишани ги вратија Филип Димоски и Јовица Радевски, се засилија со Давид Јошески и Филип Манасиевски.


Според информациите на Спортска Мрежа, клубот во моментот преговара со неколку засилувања и во следниот период се очекува во Радовиш да пристигнат уште едно до две засилувања во тимот предводен од штипскиот стратег Горан Здравков.

Радовишани презимуваат на петтото место на табелата со 25 бодови, но градат млад и квалитетен тим, кој ќе има дострели и за следните сезони, односно раководството на клубот на чело со претседателот Јовица Трајчев размислува долгорочно, па се очекува во пролетниот дел Детонит Плачковица да го напаѓа врвот, а веќе од следната сезона сериозно одново да се вмеша за местата кои водат кон Прва лига.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Кои екипи ќе ја водат битката за шампионската титула во Трета лига – Југ?

Екипата на Превалец е есенски шампион во Третата македонска фудбалска лига – Југ со учинок од десет победи, едно реми и еден пораз,...

Ракомет

Шоу на Анастасија Сентовска со 14 гола – Овче Поле СУ ја декласираше Јехона!

Ракометарките на Овче Поле Славјански Универзитет со убедливи 33:10 го декласираше тимот на Јехона, во меч од 11. коло каде уште од самиот...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Кои екипи ќе ја водат битката за шампионската титула во Трета лига – Југ?

Екипата на Превалец е есенски шампион во Третата македонска фудбалска лига –...

Младински фудбалФудбал

Брера Струмица есенски шампион во младинската Суперлига

Младинскиот тим на Брера Струмица ја заокружи есенската полусезона со највисок можен...

ФудбалФутсал

Железарец го доби дербито со Црна Река, Каршиака ги собра бодовите во Пробиштип!

Железарец останува непоразен лидер откако го доби дербито со Црна Река –...

ФудбалЧетврта лига

ФК Интер Кукла го оживува духот на Куклиш – „Стари vs. Млади“ ќе го обедини сето фудбалско семејство

Во Куклиш владее вистинска фудбалска еуфорија пред големиот пријателски спектакл што го...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!