Прва лигаФудбал

Голманот Иван Николоски се враќа во прволигашот Воска Спорт!

Сподели
Сподели

Голманот Иван Николоски се враќа во охридскиот прволигаш Воска Спорт, тоа што го најави Спортска Мрежа пред десеттина дена се остварува. 22-годишниот голман ги започна подготовки со Воска Спорт и веќе тренира со клубот, а во следните денови ќе следува и негова официјална промоција во дресот на Воска Спорт.

Николоски дресот на Воска Спорт го носеше во период од август 2022 до јануари 2023 година, а низ својата кариера има настапувано и за Победа, Брегалница, Работнички, Дрита од Боговиње, Велазерими, Беласица, Силекс, Каменица Саса и последно албански Поградец, каде настапуваше изминатата полусезона.

Воска Спорт вчера ги започна подготовките за пролетниот дел, во следните денови ќе следуваат уште неколку засилувања, а главната фаза ќе се одработи во Анталија, Турција, каде ќе се одиграат и неколку пријателски натпревари за темпирање на формата за пролетнито дел, во кој Воска Спорт ќе води борба за опстанок.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ирена Велевачковска главна во Струмица, Здравко Костовски го доби дербито меѓу Скопје и Каменица Саса

Денес се играат натпреварите од 18. коло на Првата женска фудбалска лига, а познати се и судиите кои ќе делат правда. Веќе во...

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

СЕЕ Университи со убедлива победа три гола за Исмет Цека, трите бодови останаа во Кочани

Денес се одиграа уште два натпревари од 14. коло на Втората футсал...

ФудбалФутсал

Форца загуби во Крива Паланка – Станојковски носи победа за Осогово во битката за опстанок

Вечерва екипата на Осогово стигна до многу важна победа која можеби и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!