Прва лигаФудбал

Голманот Игор Алексовски и Работнички ја продолжија соработката

Сподели
ФОТО: ФК Работнички
Сподели

Игор Алексовски, искусниот голман и повремен репрезентативец на Македонија, ја продолжи соработката со македонскиот прволигаш Работнички и ќе остане во клубот до крајот на актуелната сезона.

29-годишниот голман, кој се приклучи на Работнички во 2022 година, претходно играше за Македонија Ѓорче Петров, Вардар, Шкупи и Ренова.

Во тековната сезона, Алексовски е прв голман на Работнички, а заедно со тимот ги одиграа сите 18 натпревари во Првата македонска фудбалска лига.
Работнички го дели првото место заедно со Силекс и Шкендија со по 37 освоени бодови, а во пролетниот дел „романтичарите“ ќе водат борба за шампионска титула и излез во Европа. Пролетниот дел Работнички го отвара против Шкупи на гостински терен.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Штип носи прва шанса за поправен: Македонија против Естонија во трката за следната рунда

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија в сабота, на 14 ноември од 18 часот, ќе ја пречека Естонија во спортскиот центар „Џексон“ во Штип....

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!