Втора лигаФудбал

Ѓорѓи Дошев е нов играч на Македонија ЃП

Сподели
Сподели

Есенскиот шампион во Втората лига, Македонија ЃП, го претстави своето ново засилување за пролетниот дел од сезоната. Станува збор за Ѓорѓи Дошев, кој доаѓа од Вардар, од каде и ја започна својата кариера.

Фудбалерот роден 2005 година настапуваше за У-18 репрезентацијата на Македонија, а игра во средниот ред.

Дошев во есенскиот дел забележа седум настапи за Вардар во Првата лига, а на теренот помина вкупно 352 минути. Во својата кариера тој има 23 настапи во Првата лига во „црвено-црниот дрес“, а притоа постигна еден гол.

Македонија ЃП есенскиот дел го отвара против Охрид на „Билјанини Извори“.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

ВИДЕО: Аеродром го доби Кадино во меч каде Дамјан Антевски постигна два еврогола!

Аеродром преку пресврт забележа голема победа од 2:4 над поранешниот второлигаш Кадино, во воведниот меч на 16. коло на Трета лига – Север....

Трета лигаФудбал

Џепчишти триумфираше над Речица со три гола, минимална победа за Камјани против Дрита во Боговиње!

Вчера со два натпреварите се отвори 14. коло на Трета лига – Запад, каде екипата на Камјани со минимални 0:1 ја доби Дрита...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

ВИДЕО: Аеродром го доби Кадино во меч каде Дамјан Антевски постигна два еврогола!

Аеродром преку пресврт забележа голема победа од 2:4 над поранешниот второлигаш Кадино,...

Втора лигаФудбал

Фудбалерите кои на полусезона заминаа од Кожуф, не се исплатени во целост – си ги бараат своите плати!?

До Спортска Мрежа пристигна известување од неколку фудбалери кои на полусезона заминаа...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!