Ракомет

Радовишани ги започнаа подготовките, договорени и пријателски натпревари – целта е опстанок во Суперлигата!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Македонскиот суперлигаш Радовиш ги започна подготовките за пролетниот дел од сезоната, а на првата прозивка беа речиси сите ракометари на кои ќе сметаат тренерите Спасе Ѓоргиев и Александар Долдуров. Промени во играчкиот тим ќе има, откако клубот се раздели со со Иванче Ончев, Филип Талески, Роберт Миланов, Виктор Марковиќ, Марко Стојанов и Јован Ѓоргиев.

Радовишани ќе одиграат и неколку контролни средби преку кои ќе се темпира формата за пролетниот дел. Целта на клубот е опстанок во Суперлигата, откако во есенскиот дел повратникот не одигра според очекуваното.

  • РАЗГОВОР СО ТРЕНЕРОТ СПАСЕ ЃОРГИЕВ, ЗА ЦЕЛИТЕ, ПЛАНОВИ, ПОДГОТОВКИ ЗА НОВИТЕ ИГРАЧИ:

Радовиш есенскиот дел го заврши на последното место на табелата со само еден бод, како единствен тим кој нема триумф, откако пред стартот на сезоната имаше одредени турболенции, но сега истите конечно се решени, па клубот влегува значително освежен, финансиски, но и играчки, откако беа промовирани либанскиот голман Хусеин Сакр, Хамза Фалах од Тунис ќе ја засилува левата бековска позиција во Радовиш, а ново засилување е и десниот бек Калид Махмуд од Египет, а пак кружен напаѓач е Томче Трајчевски кој доаѓа од Прилеп и кој всушност е повратник во тимот.

Пролетниот дел Радовиш го отвара против Тиквеш во Кавадарци.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје ја потврди доминацијата во дербито со Работнички, возбудливо коло во кошаркарската Суперлига

Десеттото коло во македонската кошаркарска Суперлига понуди различни сценарија – од еднострано градско дерби во Скопје, до драматични завршници и високи резултати на...

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Поврзани написи
Ракомет

,,Можеби нашата најдобра партија сезонава“ – Ројевиќ по триумфот над Пелистер!

Охрид продолжува да се наметнува на домашната сцена со своите импресивни настапи....

Ракомет

Тиквеш покажа карактер и со голем пресврт ги освои бодовите против Еурофарм Пелистер 2

Ракометарите на Тиквеш извојуваа исклучително значајна победа во борбата за пласман меѓу...

Ракомет

Ојлески: ,,Заслужено победивме“ – Охрид го шокира Пелистер и ја одбрани својата ,,Тврдина”!

Охрид продолжува да ги изненадува фаворитите оваа сезона. Во 17. коло од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!