Прва лигаФудбал

Шкупи го ангажира турскиот голман Јавуз Ајѓун

Сподели
Сподели

Македонскиот прволигаш Шкупи продолжува со засилувањето на својот тим и потпиша договор со 28-годишниот турски голман Јавуз Ајѓун.

Овој искусен чувар на мрежата претходно беше член на турскиот Коњаспор во турската Суперлигата, а својата кариера ја започна во Трабзонспор.

Ајѓун, кој во својата кариера ги носел дресовите на клубови како Гезтепе, Јени Ордуспор, Болуспор, Карагумрук и Испарта 32 Спор, сега ќе биде важен дел од составот на Шкупи. Новиот договор е потпишан на период од година и пол, а се очекува неговото искуство да го зајакне тимот на голманската позиција.

Шкупи есенскиот дел го заврши на 6. место во ПМФЛ со 22 бодови, а пролетниот дел ќе го отвори дома против тимот на Работнички.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Гогов: Покажавме дека можеме да се носиме со секој противник – со полната сала се надеваме на добар резултат против Алкалоид

Пред Младост Богданци е нов предизвик во ракометната Суперлига. Во рамките на четвртото коло, тимот на домашен терен ќе го пречека Алкалоид во...

Ракомет

Драма до последна секунда: Прилеп и Тиквеш ги поделија бодовите

Прилеп и Тиквеш одиграа без победник во последниот натпревар од третото коло во Супер машката лига, откако средбата заврши 28-28. Кавадарчани имаа предност...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Брегалница се врати на победите: Глигоров погоди за 1:0 против Скопје

Брегалница се врати на победнички патеки со минимален триумф од 1:0 против...

Втора лигаФудбал

Сите погледи кон Радовиш, „рибарите“ во битка за лидерската позиција во Втора лига

Сите погледи утре ќе бидат насочени кон Радовиш и Тетово, каде што...

Прва лигаФудбал

Скопје е подготен за вечерашното соочување со Брегалница и се надева на позитивен резултат во Штип

Во последниот натпревар од осмото коло во Првата фудбалска лига, тимот на...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!