ИнтернационалциФудбал

Дориан Бабунски направи преселба во Романија, ќе настапува за Сепси!

Сподели
Сподели

Дориан Бабунски кариерата ја продолжува во романското првенство, откако повремениот македонски репрезентативец се договори со тимот на Сепси.

28-годишниот напаѓач доаѓа од редоите на Грасхоперс од Швајцарија, а во новиот клуб ќе настапува со македонскиот репрезентативец Исник Алими.

Својата кариера Бабунски ја започна од У-17 тимот на Реал Мадрид, потоа настапуваше за Фуенлабрада, па следуваше трансфер во Словенија кад настапуваше за Олимпија и Радомље, потоа започна неговата авантура во Јапонија каде настапуваше за де екипи, по што направи трансфер во Бугарија во тимот на Ботев Враца, па замина во Унгарија во тимот на Дебрецин, а од каде во август 2023 година го засили швајцарскиот тим Грасхоперс, од каде сега доаѓа во Сепси.

Новиот тим на Бабунски е на седмото место на табелата со 30 бодови, а шампионатот во Романија започнува на 17. јануари.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје ја потврди доминацијата во дербито со Работнички, возбудливо коло во кошаркарската Суперлига

Десеттото коло во македонската кошаркарска Суперлига понуди различни сценарија – од еднострано градско дерби во Скопје, до драматични завршници и високи резултати на...

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

По шест месеци Беласица и Анатолиј Петејчук се разделија

Второлигашот Беласица и Анатолиј Петејчук по шест месеци се разделија. Струмичани започнуваат...

ФудбалФутсал

Што се случува со прволигашот Шкупи – тимот не допатува во Кавадарци за мечот со Клими?

Натпреварот од осмото коло на Првата футсал лига меѓу Клими и Шкупи...

ИнтернационалциФудбал

Игор Ангеловски си поднесе оставка по серијата порази на клупата на Етникос Акна

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски си поднесе оставка по...

Младински фудбалФудбал

Македонија ЃП водечка по првиот дел од сезоната во Пионерската Супер лига

Во последниот натпревар од првиот дел на сезоната во Пионерската Супер лига,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!