ИнтернационалциФудбал

Бесар Гуџуфи се сели во албанскиот шампионат, ќе настапува за Партизани од Тирана!

Сподели
Сподели

20-годишниот крилен фудбалер, Бесар Гуџуфи, одлучи да ја продолжи својата кариера во Албанија, а тоа значи заминува од редовите на македонскиот прволигаш Шкупи. По преговори со неколку клубови, Гуџуфи го избра тимот на Партизани од Тирана, со што ќе настапува во албанскиот шампионат.

Во следниот период треба да следи негова официјална промоција, а со тоа и да се приклучи на тимот, а со тоа да ги започне подготовките за пролетниот дел.

Во актуелната полусезона, Гуџуфи одигра 12 натпревари за Шкупи во Првата лига, забележувајќи еден гол и една асистенција. Претходно, тој беше дел од младинскиот состав на Бешикташ, а исто така настапуваше за струмичка Беласица и младинскиот тим на Вардар.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РакометРакометна репрезентација

РФМ побара, ЕХФ не дозволи одложување на мечот Словенија – Македонија, ќе започне со минута молк

Ракометната репрезетанција на Македонија денес го игра вториот меч против Словенија од квалификациите за Европското првенство 2026 година, а за нашите ракометари тој...

Кошарка

Кошаркарската федерација на Македонија ги одложи сите натпревари за денес

Од Кошаркарската федерација на Македонија преку соопштение информираат дека се одложени сите натпревари од сениорски и младински лиги кои беа закажани за денес,...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

ФК Гостивар: Многу сме разочарани што судиите, не сакаме лига без правда!

Прволигашот Гостивар вечерва излезе со соопштение после натпреварот во Кавадарци, каде загуби...

ФудбалФутсал

Форца ja декласираше Црна Река, Шкупи загуби од Прокт!

На воведниот меч од 14. коло на Првата футсал лига на Македонија,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!