Прва лигаФудбал

Пелистер и Бобан Георгиев се разделија!

Сподели
Сподели

Битолскиот прволигаш Пелистер и штипскиот фудбалер Бобан Георгиев, се разделија, информираше клубот од Битола. 27-годишниот фудбалер во Пелистер пристигна од охридскиот прволигаш Воска Спорт, но се задржа кратко, само една полусезона, по што кариерата ќе ја продолжи во нова средина.

Во својата кариера искусниот Георгиев има настапувано и за екипите на Металург, Брегалница и Силекс на домашната сцена, додека пак во Србија беше дел од Радник, а во Босна и Херцеговина го носеше дресот на Леотар Требиње и Борац Бања Лука.

Пелистер есенскиот дел го заврши на делба на 7. место со 19 бодови, а пролетниот дел го отвара против Брера Струмица во Битола.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Новак Ѓоковиќ искажа сочувство за големата трагедија во Кочани

По големата трагедија која се случи во Кочани, каде што по пожарот во дискотеката животот го загубија најмалку 59 лица, најдобриот тенисер на...

Ракомет

Фаворитите според планот: Високи победи за Ѓорче Петров, Металург Автокоманда и Чаир

Високи и убедливи победи за фаворитите во рамки на 8. коло од плеј-офот на женската ракометна Суперлига, во натпревари кои се одиграа во...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Игор Ѓорѓиев најдобар стрелец во Трета лига – Исток, кои играчи може да го стигнат?

Изминатиот викенд беше отворен пролетниот дел на Трета лига – Исток со...

Трета лигаФудбал

Три екипи ќе водат неизвесна и рамноправна борба во Трета лига – Југ за баражот за Втора лига

Третата фудбалска лига – Југ ќе биде еден од неизвесните региони каде...

ИнтернационалциФудбал

Натпреварите во српската Суперлига започнуваат со минута молк поради трагедијата во Кочани

Натпреварите од 28. коло на српската Суперлига започнуваат со минута молк поради...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!