Втора лигаФудбал

Александар Стојанов означи старт: Беласица ги започна подготовките, договорени пријателските натпревари!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Беласица денес ги започнува подготовките за пролетната полусезона во Втората македонска фудбалска лига, шефот на стручниот штаб, Александар Стојанов, денес го има првиот собир со фудбалерите во Новата 2025 година.

Како што веќе објави прва најави Спортска Мрежа, во Беласица се враќа Александар Коцев, а доаѓа и Александар Богданоски од Кожуф, двајцата играчи денес ќе бидат и официјално промовирани во редовите на Беласица.

Стојанов го има утврдено планот за подготовки на екипата, а како што веќе објавивме, утврдени се и пријателски натпревари преку кои струмичката фудбалска гордост ќе ја темпира формата за пролетниот дел. Беласица на 17. јануари ќе го одигра првиот пријателски меч против тетовска Шкендија, на 22. јануари ќе игра против Вардар Неготино, три дена подоцна со Детонит Плачковица.


На 28. јануари ќе следува меѓународен меч со Струмска Слава од Бугарија, на 1. февруари против Кожуф, а пак „генералката“ ќе биде против Септември Симитли, меѓународен меч со екипата од Бугарија.

Пролетната полусезона Беласица ја отвара на домашен терен против Арсими.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска...

Втора лигаФудбал

Како може Вардар Неготино до бараж за опстанок во Втора лига?

Десет кола до крајот, 30 бодови во игра и нов тренер –...

ИнтернационалциФудбал

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски останува во Борац до 2027

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски и официјално ја продолжи соработката со Борац...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!