Втора лигаФудбал

Горан Здравков означи старт – Детонит Плачковица денес ги „пали моторите“

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Второлигашот Детонит Плачковица денес во 12 часот го има првиот собир во новата година, тренерот Горан Здравков ќе го одржи првиот собир во 2025 година со играчите со што ќе се означи старт на подготовките, а првиот тренинг ќе започне во 13 часот на Градскиот стадион во Радовиш.

Радовишани ќе имаат промени во играчкиот кадар, од клубот заминаа капитенот Иван Настевски, Тони Мирчевски, Дарко Стојанов, Стефан Бабунски и Анџело Николовски, но пристигнаа повратниците Филип Димоски, Јовица Радевски, како и Давид Јошески, Дамјан Масевски и Филип Манасиевски, за што Спортска Мрежа веќе информираше.

Првиот тест меч ќе се одигра на 18. јануари против Кожуф, потоа на 22. јануари со прволигашот Брера Струмица, три дена подоцна следува тестирање со Беласица, а пак на 29. јануари против Осогово од Кочани.


За 2. февруари е закажан меѓународен пријателски меч со Вихрен Сандански кој ќе се одигра во Бугарија, а “генералката” на тимот на Здравков ќе биде против прволигашот Силекс, меч кој ќе се одигра во Кратово.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!