Втора лигаФудбал

Спортска Мрежа дознава: Коцев се враќа во Беласица, ново засилување ќе биде Богданоски!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Спортска Мрежа ексклузивно дознава за два трансфери кои утре и официјално ќе бидат потврдени во Беласица.

Струмичкиот второлигаш го врати Александар Коцев во своите редови, а ново засилување во Беласица ќе биде и Алекснадар Богданоски.

21-годишниот Коцев кој е во клуб 100 на Беласица се враќа во струмичката гордост, а во својата кариера има настапувано и за младинските категории на Брера Струмица.

Коцев иако е млад играч, важи за голем талент и повеќе од јасно е дека ќе биде големо засилување за Беласица.

Како што дознава Спортска Мрежа во Беласица ќе пристигне и Александар Богданоски, кој доаѓа од редовите на Кожуф од Гевгелија. 19-годшникот беше дел и од Шкупи и Работнички.

Беласица во есенскиот дел докажа дека може да се носи со млади и талентирани играчи, шефот на стручниот штаб, Александар Стојанов им дава шанса на младите играчи.


Стојанов веќе утре ќе означи старт на подготовките за пролетната полусезона, како што веќе информираше Спортска Мрежа, а исто така, како што претходно информиравме, Беласица на 17. јануари ќе го одигра првиот пријателски меч против тетовска Шкендија, на 22. јануари ќе игра против Вардар Неготино, три дена подоцна со Детонит Плачковица.


На 28. јануари ќе следува меѓународен меч со Струмска Слава од Бугарија, на 1. февруари против Кожуф, а пак „генералката“ ќе биде против Септември Симитли, меѓународен меч со екипата од Бугарија.


Пролетната полусезона Беласица ја отвара на домашен терен против Арсими.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Кои екипи ќе ја водат битката за шампионската титула во Трета лига – Југ?

Екипата на Превалец е есенски шампион во Третата македонска фудбалска лига – Југ со учинок од десет победи, едно реми и еден пораз,...

Ракомет

Шоу на Анастасија Сентовска со 14 гола – Овче Поле СУ ја декласираше Јехона!

Ракометарките на Овче Поле Славјански Универзитет со убедливи 33:10 го декласираше тимот на Јехона, во меч од 11. коло каде уште од самиот...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Кои екипи ќе ја водат битката за шампионската титула во Трета лига – Југ?

Екипата на Превалец е есенски шампион во Третата македонска фудбалска лига –...

Младински фудбалФудбал

Брера Струмица есенски шампион во младинската Суперлига

Младинскиот тим на Брера Струмица ја заокружи есенската полусезона со највисок можен...

ФудбалФутсал

Железарец го доби дербито со Црна Река, Каршиака ги собра бодовите во Пробиштип!

Железарец останува непоразен лидер откако го доби дербито со Црна Река –...

ФудбалЧетврта лига

ФК Интер Кукла го оживува духот на Куклиш – „Стари vs. Млади“ ќе го обедини сето фудбалско семејство

Во Куклиш владее вистинска фудбалска еуфорија пред големиот пријателски спектакл што го...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!