Прва лигаФудбал

Шкендија прва започна со подготовките, целта е јасна – титула!

Сподели
ФОТО: KF Shkëndija
Сподели

Шкендија од Тетово ги започна подготовките за пролетниот дел од сезоната во Првата лига, а првиот тренинг беше одржан во Тетово. Ова е првата фаза од подготовките на поранешниот шампион, по што тимот ќе се пресели во Анталија, Турција, за да ја реализира главната фаза од подготовките.

Во Турција, Шкендија ќе се фокусира на интензивни тренинзи, како и на одигрување на неколку пријателски натпревари, кои ќе им помогнат на играчите да ја подигнат својата форма и да се подготват за сериозниот пролетен дел. Целта е да се забрза темпото и да се атакува на титулата во Првата лига.

Првиот пријателски натпревар Шкендија ќе го одигра на 17. јануари во Струмица против второлигашот Беласица, пред заминувањето на тимот во Анталија, Турција. Тимот се подготвува за предизвиците што ги носи пролетниот дел од сезоната, со силна желба за освојување на титулата и да ја потврдат својата доминација на домашната сцена.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска...

Втора лигаФудбал

Како може Вардар Неготино до бараж за опстанок во Втора лига?

Десет кола до крајот, 30 бодови во игра и нов тренер –...

ИнтернационалциФудбал

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски останува во Борац до 2027

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски и официјално ја продолжи соработката со Борац...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!