Екипата на Борец стигна со висок триумф од 5:2 над Венец од Долни Дисан, во рамките на 12. коло на Трета лига регион 4.
За велешани двоен стрелец беше Пеце Стојанов, а по еден гол постигнаа Матеј Панов и Марио Наумовски, а пак Васко Димов си постигна автогол од гостинската екипа.
За тимот на Венец стрелци беа Јован Лембовски и Маритн Нејковски.
Превалец го надигра Росоман со убедливи 3:0 на домашен терен. Даниел Маџовски погоди во 8. и 21. минута за двојна предност на полувреме. Во вториот дел Ристо Станковски во 47. минута ги постави конечните 3:0.
Со овој триумф екипата на Превалец прослави 48 години постоење, клубот е основан во 1978 година.

Натпреварите меѓу Влазними Јуниор – Башкими Јаболчиште и Големо Коњари – Млекар се одложени за 2 декември поради лоши временски услови и врнежите од снег.
Извештајот на Спортска Мрежа за вчерашните мечеви е достапен овде.