Трета лигаФудбал

Победа Валандово со четири гола против Малеш ја завери есенската круна – „калинкарите“ презимува непоразени со плус четири

Сподели
Сподели



Победа Валандово ја заокружи есенската полусезона во Третата лига – Регион 3 со убедлив триумф од 4:1 над Малеш. Со победата во одложениот натпревар од 5. коло, валандовчани стигнаа до 26 бода и на зимската пауза заминуваат со четири бода предност пред Каменица Саса.

Никола Костадинов го отвори резултатот во 13. минута, а Кирил Коколански со два погодоци, во 42. и 50. минута, ја зголеми предноста на 3:0. Костадинов со својот втор гол во 78. минута погоди за 4:0, додека Тони Мичковски во 83. минута го постави конечниот резултат.

Домаќините и пред натпреварот го имаа обезбедено есенскиот примат, но со новите три бода дополнително ја зацврстија лидерската позиција. Победа ја заврши есента со осум победи и две ремија од десет натпревари, без ниту еден пораз.

Малеш во Валандово имаше можност со триумф да се искачи на третото место и да се доближи на два бода до лидерот. Беровчани, сепак, останаа на 18 бода, а разликата до Победа се зголеми на осум. Поразот ја прекина нивната серија од четири натпревари без пораз.

Валандовчани ја имаат најцврстата одбрана во лигата, со само четири примени гола, а есенскиот дел го завршија со 21 постигнат погодок. Малеш остана петти со гол-разлика 19:13, бодовно израмнет со Овче Поле.

Со овој натпревар се комплетираше есенската полусезона. Каменица Саса со 22 бода останува најблискиот конкурент на Победа, Академија Огражден е трета со 19, а Овче Поле и Малеш ја заокружуваат водечката петорка.

Поз. Екипа Мечеви Голови Бодови
1 Победа Валандово 10 21:4 26
2 Каменица Саса 10 26:8 22
3 Академија Огражден 10 11:10 19
4 Овче Поле 10 26:12 18
5 Малеш 10 19:13 18



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Црна Река во Прилеп со 14 гола ја декласираше Победа, четири гола за Стојан Петковски

Футсалците на Црна Река како на прошетка денес во Прилеп откако со 1:14 ја декласираа Победа во меч од 7. коло на Втората...

Трета лигаФудбал

Победа Валандово со четири гола против Малеш ја завери есенската круна – „калинкарите“ презимува непоразени со плус четири

Победа Валандово ја заокружи есенската полусезона во Третата лига – Регион 3 со убедлив триумф од 4:1 над Малеш. Со победата во одложениот...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Црна Река во Прилеп со 14 гола ја декласираше Победа, четири гола за Стојан Петковски

Футсалците на Црна Река како на прошетка денес во Прилеп откако со...

Трета лигаФудбал

Победа го декласираше Вардар Неготино со ДЕСЕТ гола, убедлив триумф за Бучин и за Победа од Пепелиште

Вистински дебакл за Вардар Неготино откако беше поразен во Прилеп од Победа...

Трета лигаФудбал

Поради обилни врнежи од снег одложени сите денешни мечеви во Трета лига регион 5

Поради обилни врнежи од снег, сите денешни мечеви од 12. коло на...

Трета лигаФудбал

ВИДЕО: Влазерими го доби кичевското дерби со Напредок, постигнати седум гола

Лидерот Влазерими го доби кичевското дерби со Напредок откако славеше со 3:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!