РакометРакометна репрезентација

Лазаров: Со поддршка од публиката се надеваваме на изненадување против Унгарија и Холандија

Сподели
ФОТО: Ракометна Федерација на Македонија
Сподели

Македонските ракометари ќе ја завршат последната фаза на подготовките пред Светското првенство во Хрватска, каде ќе одиграат и пријателски натпревар со домаќинот, репрезентацијата на Хрватска, во Вараждин во среда.

Селекторот на македонската репрезентација, Лазар Лазаров, во изјава за хрватските медиуми се потсети на позитивните искуства од 2009 и 2018 година во Вараждин.

„Имаме многу позитивни искуства од 2009 и 2018 година. Очекуваме дека пак ќе дојдат многу наши навивачи во голем број, а ќе се обидеме да ги освоиме симпатиите и на Хрватите во Вараждин и да бидат наш осми играч. Иако сме еден вид аутсајдери со помош на публиката да пробаме да ги изненадиме Унгарците и Холанѓаните, иако тоа во моментов не е реално. Онаа наша најуспешна генерација замина во историјата. Сега градиме нова генерација, многу се измачивме да се пласираме на ова Светско првенство. Ни значи бидејќи можевме да играме тука во Хрватска, која е близу“, изјави Лазаров.

Македонија ќе го започне своето учество на Светското првенство против Унгарија на 15 јануари. Следуваат натпреварите со Холандија на 17 јануари и со Гвинеја на 19 јануари.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Ракомет

,,Можеби нашата најдобра партија сезонава“ – Ројевиќ по триумфот над Пелистер!

Охрид продолжува да се наметнува на домашната сцена со своите импресивни настапи. Во 17. коло од македонската Супер лига, тимот на Охрид, вечерва...

Поврзани написи
Ракомет

,,Можеби нашата најдобра партија сезонава“ – Ројевиќ по триумфот над Пелистер!

Охрид продолжува да се наметнува на домашната сцена со своите импресивни настапи....

Ракомет

Тиквеш покажа карактер и со голем пресврт ги освои бодовите против Еурофарм Пелистер 2

Ракометарите на Тиквеш извојуваа исклучително значајна победа во борбата за пласман меѓу...

Ракомет

Ојлески: ,,Заслужено победивме“ – Охрид го шокира Пелистер и ја одбрани својата ,,Тврдина”!

Охрид продолжува да ги изненадува фаворитите оваа сезона. Во 17. коло од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!