Во текот на вчерашниот ден Беса се раздели со тренерот Бобан Бабунски, соработка која траеше околу половина месец без ниту еден тренинг и натпревар.
Но, Беса брзо наоѓа решение за испразнетото тренерско столе и на негово место доаѓа искусниот стратег Горазд Михаилов, кој пред неколу денови спогодбено се раздели со Брера Струмица.
За искусниот стратег ова ќе биде трет клуб во тековната сезона во Прва лига, откако истата ја започна со Вардар, а потоа ја превзема Брера Струмица.
Беса на 10. јануари ќе ги започне подготовките за новата сезона, а целта ќе биде директен опстанок во Првата лига како дебитант во фудбалската елита на Македонија.