Ракомет

Куманово претстави ново засилување: Промоција на ракометар од Бразил

Сподели
Сподели

Ракометниот суперлигаш Куманово го промовираше своето трето засилување и одново Бразилец по десниот бек Гиљерме Да Силва Фернандес и левиот бек Џанкарло Фепипе Хен.

Бразилецот Жоао Виктор Соарес Флорес е најновото засилување на МРК Куманово. Овој 21-годишен ракометар, кој настапува како пивот, е репрезентативец на Бразил до 21 година и веќе зад себе има завидна кариера во својата татковина.

Флорес ја започнал својата кариера во тимот на Итаја, каде што успеал да стигне до вицешампионската титула на Бразил. Потоа преминал во редовите на Национал, а последно настапувал за тимот на Праја, со кој ја освои титулата шампион на Бразил.

Висок 187 сантиметри и тежок 98 килограми, Флорес важи за силен и цврст играч на позицијата пивот. Неговото искуство и енергија ќе бидат значајно засилување за тимот на Куманово, кој се подготвува за предизвиците во тековната сезона.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

ИНТЕРВЈУ | „Среќни сме што сме на првата позиција, но ќе останеме присебни“ – Кочоски за Спортска Мрежа

ГФК Охрид и официјално ја заврши најуспешната есен во последната деценија. Тимот предводен од младиот стратег Ромео Кочоски блесна во Втората лига и...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Арсими – Пелистер

Со натпреварот меѓу Арсими и Пелистер се затвара есенската полусезона, мечот од 16. коло на Првата лига се игра на Градскиот стадион во...

Поврзани написи
Ракомет

Шоу на Анастасија Сентовска со 14 гола – Овче Поле СУ ја декласираше Јехона!

Ракометарките на Овче Поле Славјански Универзитет со убедливи 33:10 го декласираше тимот...

Ракомет

Шампион немоќен против Текстилец, но Давид Јовчевски постигна 18 гола!

Екипата на Текстилец со убедливи 36:48 славеше на гостински терен кај тимот...

Ракомет

Јован Гетов постигна 12 гола: Партизан го совлада Овче Поле

Благодарение на расположениот Јован Гетов тимот на Партизан славеше со 35:33 над...

Ракомет

ФОТО: Македонија ја „тресна“ Словачка и со трофеј се враќа од Анкара!

Женската ракометна репрезентација на Македонија го затвори настапот на меѓународниот турнир во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!