Како што пред неколку дена објави Спортска Мрежа, сега кавадаречкиот прволигаш Тиквеш и официјално го претстави и второто зимско засилување, станува збор за повратникот Даниел Миловановиќ, кој во Кавадарци доаѓа од редовите на Брера Струмица.
26-годишниот офанзивец се враќа во својот матичен клуб, а во својата кариера покрај за Брера и Тиквеш настапуваше и во Унгарија во тимот на ЗТЕ.
Претходно, Тиквеш го претстави Арби Воша како прво зимско засилување, а во следните денови се очекува уште неколку засилувања во тимот на Тиквеш.