Останато

Мартин Ангелески собори државен и личен рекорд со воздушна пушка, медал и одличен резултат и за Марија Шиндева

Сподели
Сподели

Викендов од 27. до 29. декември 2024 година, се одржа меѓународниот натпревар „Кикинда Куп 2024“ во Србија со воздушно оружје каде што благодарение на Министерството за спорт учествуваа и стрелци од нашата стрелачка репрезентација.

И на двата натпревари најуспешен беше Мартин Ангелески кој во првиот ден погоди 627, 2 кругови и постигна личен и државен рекорд, но и вториот ден тој постигна исто така личен и државен рекорд со погодени извонредни 628,2 кругови.

Со овој извонреден резултат Ангелески покажува дека е во одлична форма и дека со сигурност покажува дека е подготвен за новиот олимписки квалификациски циклус за учество на Олимписките игри во Лос Анџелес 2028 година.

Покрај Ангелески во истата дисциплина сребрен медал освои Драгослав Кудрановиќ со резултат од 612 кругови, додека третото место му припадна на младиот Никола Блажевски со резултат од 603 кругови.

Покрај мажите во воздушна пушка медал освои и младата јуниорка Марија Шиндева во дисциплина жени пиштол со резултат од 531 круг и Ирина Јовановска во воздушна пушка со резултат од 600 кругови. Со ова младите стрелачи докажуваат дека македонското стрелаштво има иднина.

Виолета Јанчева за Спортска Мрежа

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Младост утре гостува во „Билјанини Извори“ кај Охрид

Ракометарите на Младост утре гостуваат кај фаворитот Охрид во рамките на 10. коло на Суперлигата, меч кој се игра во салата „Билјанини Извори“...

Кошарка

Ираклис пресилен за МЗТ Скопје – македонскиот шампион го запиша шестиот пораз во ФИБА Еврокупот!

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром продолжува без победа во ФИБА Еврокупот, откако на гостувањето во Солун претрпе убедлив пораз од грчки Ираклис...

Поврзани написи
Останато

Безбедноста пред сè: ФПСМ со едукативни предавања за планинарење во зимски услови низ Македонија

Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ), преку својот Центар за стручно...

Останато

Одржано Националното првенство во крос-кантри 2026 во Скопје

Изминатиот викенд, на кејот на реката Вардар во Скопје, се одржа Националното...

Останато

Македонија домаќин на два квалификациски турнири за ЕП 2027 во одбојка

Одбојкарската федерација на Македонија ќе биде домаќин на два квалификациски турнири за...

Останато

Наковски Волеј со кам-бек го задржа статусот на непоразен тим во Првата лига жени

Екипата на Наковски Волеј останува единствената непоразена по четири кола во новата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!