Прва лигаФудбал

Се огласи Шкупи: Новиот сопственик ќе ги реши долговите, нема да има проблеми во јануарскиот преоден рок!

Сподели
ФОТО: FC Shkupi
Сподели

Откако ФИФА објави дека Шкупи е на листата на клубови на кои им се забранува регистрација на нови играчи во следните три преодни рока, клубот веднаш излезе со соопштение.

„Во врска со информациите кои се појавија во медиуми, а кои се поврзани со блокадата на ФК Шкупи на трансфер пазарот сакаме да ве инфорамираме дека претседателот Јасин Коњали ја презеде одговорноста да ги исплати долговите кои беа оставени. Како што е познато, за комплетирање на документацијата е потребно време, додека документите се веќе во процедура се надеваме дека следната седмица сите проблеми ќе бидат решени. Тоа ќе значи дека Шкупи нема да има проблеми во јануарскиот преоден рок“, се вели во клупското соопштение.

Останува да видиме како ќе се одвиваат работите и дали Шкупи ќе може да среди се што треба за да нема проблеми со трансферите.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Дури девет фудбалери го пропуштаат 21. коло на Втората лига поради пет жолти картони!

Поради акумулирани пет жолти картони девет фудбалери од седум екипи го пропуштаат 21. коло на Втората лига. Поради жолти картони овој викенд односно...

Втора лигаФудбал

Борец и Осогово во директен дерби дуел за опстанок – трите бодови повеќе од важни!

Се разгорува битката за опстанок во Втората лига, Осогово е во ситуација каде може да се надева и на директен опстанок, па да...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Дури девет фудбалери го пропуштаат 21. коло на Втората лига поради пет жолти картони!

Поради акумулирани пет жолти картони девет фудбалери од седум екипи го пропуштаат...

Втора лигаФудбал

Борец и Осогово во директен дерби дуел за опстанок – трите бодови повеќе од важни!

Се разгорува битката за опстанок во Втората лига, Осогово е во ситуација...

ФудбалЧетврта лига

На 23 март започнува пролетниот дел во Општинската фудбалска лига во Охрид

На 23 март започнува пролетната полусезона во Општинската фудбалска лига во Охрид...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!