Ракомет

Куманово донесе нов Бразилец: Промовиран Гилерме Да Силва Фернандес

Сподели
Сподели

Куманово се раздели со еден Бразилец откако Чиао Винициус замина во Охрид, но сега кумановскиот ракометен клуб донесе нов Бразиелц, станува збор за Гилерме Да Силва Фернандес.

Новото засилување на Куманово игра на позицијата десен бек, а во Куманово доаѓа од бразилското првенство до тимот на Сао Каетано, а претходно настапуваше во португалскиот шампионат во тимот на Артистик Аванка.

„Официјално од денес нов ракометар на МРК Куманово е Бразилецот Гилерме Да Силва Фернандес кој игра на позиција десен бек. Овој играч доаѓа од бразилското првенство од тимот на Сао Каетано, а предходно настапувал и во португалскиот шампионат за екипата на Артистик Аванка. Висок е 196 сантиметри и тежок 100 килограми и ќе биде замена за Чиао Винисиус кој од полусезоната ќе настапува во дресот на ГРК Охрид.“

Куманово есенскиот дел го заврши на деветтото место на табелата со осум бодови на своето конто и учинок од четири победи и 12 порази.

Пролениот дел го отвара во Битола против актуелниот шампион Еурофарм Пелистер.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Подготвени сме за натпреварот против Швајцарија

Репрезентацијата до 19 години на стартот од турнирот што се одржува во Македонија освои бод откако во првото коло играше без голови во...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија до 21 година поразена во Нови Сад од Србија

Младата репрезентација на Македонија до 21 година претрпе пораз од Србија, 2:0 во пријателскиот натпревар одигран во Нови Сад. Избраниците на Александар Таневски...

Поврзани написи
Ракомет

Младост утре гостува во „Билјанини Извори“ кај Охрид

Ракометарите на Младост утре гостуваат кај фаворитот Охрид во рамките на 10....

Ракомет

Дресот на Дибиров доби место во историјата на Скопје – Вардар со посебен подарок за Музејот!

Во пресрет на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер пред европскиот испит на сезоната: Битола се мобилизира за Гумерсбах!

Европската сезона на Еурофарм Пелистер влегува во решавачка фаза, а битолчани на...

Ракомет

Горан Кузманоски ја запиша првата победа на Кипар, Строволу броеше до 43!

Македонскиот стратег Горан Кузманоски стигна до првата победа во кипарскиот шампионат со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!