Останато

МОК ги додeли наградите „Златна Олимпија“ за најуспешните жени во спортот за 2024 година

Сподели
Сподели

На синоќешната церемонија МОК ги додели по четврти пат статуетките „Златна Олимпија“ на најуспешните жени во спортот за 2024 година. Награди добија спортистки, тренерки и спортски работнички. Прзнанието за најуспешна судиска двојка им припадна на Силвана Карбевска и Марија Илиева, нашата најдобра судиска двојка во ракомет.

За најнадежна млада спортистка беше прогласена Марија Димовска, која освои прво место во кикбокс маитаи на Светско Првенство во Будимпешта. Признание за женски тренер на годината го поделија Ивана Аврамова (карате), и Жаклина Стојановска (кошарка).

За најистакната спортска работничка беше избрана Соња Спасовска од Кошаркарската Федерација на Македонија. За федерација со најголеми успеси беше прогласена Киксбокс Маитаи тимот на Македонија. Федерација која покажа посветеност и лидерство во унапредување на родова еднаквост беше прогласена Фудбалската Федерација на Македонија.

Радмила Јованова беше прголасена за спортски подвиг на годината (истрчан ултрамартон), а наградата за животно дело отиде во рацете на Луиза Гашева (каратистка со богата кариера ).

Ребека Јанковска Ристески беше наградена за нејзината заложба за деца со попреченост, најуспешна спортискта беше прогласена Милијана Рељиќ (таеквондо).

Награди исто така добија Црвениот Крст, Волонтерскиот центар Скопје, Интернационаланата полициска организација (ИПА), и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) за нивната поддршка и придонес во спортот.

Виолета Јанчева за Спортска Мрежа

Сподели

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ирена Велевачковска главна во Струмица, Здравко Костовски го доби дербито меѓу Скопје и Каменица Саса

Денес се играат натпреварите од 18. коло на Првата женска фудбалска лига, а познати се и судиите кои ќе делат правда. Веќе во...

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Поврзани написи
Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина...

Останато

Европскиот шампион Петар Мијалков од Македонија ги стартуваше подготовките во Шпанија

По блескавата 2025 година во која го покори Стариот Континент и стана...

Останато

Купот на ОФМ по 15 години повторно во Скопје

Финалниот турнир од Купот на ОФМ 2026 во машка и женска конкуренција,...

Останато

Наковски Волеј победник во струмичкото дерби против Струмица Жени

Одбојкарките на ОК Наковски Волеј остварија победа од 3:1 во сетови (25:20,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!