Кошарка

Кошаркарите на Гостивар го декласираа Вардар и со победа ја затвараат 2024 година!

Сподели
ФОТО: KK Gostivar 1954
Сподели

Во последниот меч од последното есенско коло на Првата кошаркарска лига на Македонија, екипата на Гостивар со 86:62 го декласираше Вардар.

Пред својата публика и на домашен терен Гостивар го реши Вардар уште во првата четвртина, па мечот го одигра на рутина.

Првата четвртина заврши со 28:9 и веќе се беше јасно, во второта четвртина резултатот беше 27:17. Во третата четвртина Вардар се обиде да парира, а истата заврши со 17:15, а во последната четвртина Вардар беше подобар со 14:21, откако Гостивар реши да не троши сила и енергија бидејќи мечот беше решен.

Во рамки на последното 12. коло за 2024 година Пелистер со 95:88 го доби Тиквеш, МКК Куманово беше подобар од ТФТ Скопје со 78:59, а пак МЗТ Скопје со 90:54 го доби Шкупи.

Кожув на домашен терен го доби Чаир со 86:63, додека пак Феникс го „тресна“ Работнички со 73:71.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ирена Велевачковска главна во Струмица, Здравко Костовски го доби дербито меѓу Скопје и Каменица Саса

Денес се играат натпреварите од 18. коло на Првата женска фудбалска лига, а познати се и судиите кои ќе делат правда. Веќе во...

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Поврзани написи
Кошарка

Маџари убедлив против Кожув, Куманово со силна завршница го совлада Гостивар

Кошаркарите на Маџари и МКК Куманово остварија важни победи во новото коло,...

Кошарка

Чаир го совлада Работнички во драматична завршница, продолжи кризата на „црвено-белите“

Кошаркарите на Чаир 2030 остварија значајна победа над Работнички со 75:73 во...

КошаркаКошаркарска репрезентација

Прв тренинг на кошаркарките за мартовскиот ФИБА „прозорец“

Женската сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија ги започна мини подготовките во Скопје...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!