Турнири

„Куклиш 2024“: Герасов против Винарија Здравко во големото финале!

Сподели
Сподели

Вечерва на Новогодишниот турнир во мал фудбал „Куклиш 2024“ се одиграа полуфиналните натпревари со што се познати учесниците во големото финале, како и екипите кои ќе се борат за третото место.

Во големото финале ќе се сретнат Герасов и Винарија Здравко. Во полуфиналето Винарија Здравко со 5:3 славеше над Дрвош, во меч каде за победничкито тим Минур Асанов беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Васко Глигоров, Горан Стојановски и Горан Коцевски, додека пак за поразениот тим стрелци беа Александар Коцев, Слободан Митков и Пепи Гугуљанов.

Екипата на Герасов во полуфиналето славеше над Христмил Банско, во меч каде за победникот Филип Неделковски беше двоен стрелец, а еден гол беше дело на Давид Блажевски, додека пак кај поразениот тим стрелци беа Никола Стојановски и Марио Благоевски.

Единствената трибина во Спортската сала во Куклиш беше исполнета до максимум, атмосфера фантастична, а на теренот одличен фудбал со многу погодоци, со многу не реализирани шанси за погодоци… атмосферата за утрешниот финален и последен ден од турнирот зоврија и се очекува многу публика. Сите вие кои нема да можете да го следите турнирот во живо, истиот ќе можете преку директен пренос да го следите во живо на Спортска Мрежа Podcast на YouTube преку директен пренос.

Утре во големото финале ќе се соочат Герасов против Винарија Здравко, додека пак во мечот за трето место силите ќе ги одмерат Христмил Банско и Дрвош.

  • ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ПОЛУФИНАЛНИТЕ НАТПРЕВАРИ ОД ТУРНИРОТ ВО КУКЛИШ:

Двата натпревари ќе можете да ги следите во ЖИВО на Спортска Мрежа преку директен пренос на нашиот YouTube канал Спортска Мрежа Podcast. Заследете го нашиот канал со тоа што ќе претиснете на претплати се или subscribe, тоа е бесплатно, со што ќе добивате известување за преносот во ЖИВО од турнирот во Куклиш.

Спонзори и помагатели на „Куклиш 2024“ се Општина Струмица, Еклектик, Лав Комерц, Јови-МК, Никола Црнкаров, Агро-Драв-ВД, Едисон Јосе, Фреш Енд Драј, Криго-Каес, НП-Транс, Бимакс-Плус, Вен Воцар, Икарус, Стариот Џумбушлија, Христмил-Банско, Тера Пет Плус, Владо Банско, Печатница Дељо, Токи Еднокуќево, Термо-Митко и Флекс Компани.

Спортска Мрежа е медиумски покровител на овој спортски настан.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
Турнири

Чукарички пристигнува во Македонија: белградскиот клуб дел од Интернационал Мастерс Куп 2026

Југоисточна Македонија во месец мај ќе биде во знакот на младинскиот фудбал,...

Турнири

Зошто „Охрид Куп 2026“ е вистинскиот избор за вашата екипа?

Во време кога младинскиот фудбал сè повеќе се сведува на резултати и...

Турнири

„Стоби Куп 2026“ – нов детски турнир што ветува фудбалска магија и идни таленти

Општина Градско во соработка со ГФК Неготино најавува организација на нов детски...

Турнири

(ВИДЕО) „Охрид Куп 2026“: Турнир каде секое дете е победник, медал за секој учесник!

Младинскиот фудбалски турнир „Охрид Куп 2026“, кој ќе се одржи од 18...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!