Антонио Илиески, македонскиот дефанзивец, е ново засилување за косовскиот прволигаш Феризај.
28-годишниот играч доаѓа од редовите на охридска Воска Спорт, а во својата кариера има настапувано и за Ренова, Фљамуртари и Кукеси, со што Илиески има и меѓународно искуство.
Феризај се наоѓа на осмото место на табелата во косовската Суперлига со освоени 20 бодови, а Илиески треба да биде солидно засилување за пролетниот дел.