Трета лигаФудбал

Сашо Дуков е нов претседател на третолигашот Росоман, Дејан Златанов е секретар на клубот!

Сподели
Сподели

Промени во управата на третолигашот Росоман, Сашо Дуков е избран за нов претседател на клубот, кој во минатото се натпреваруваше и во Втора лига – Исток.

Дуков, продолжува и натаму активно со играње на фудбал, тој во тековната сезона го носи дресот на Охрид, каде има одлична форма и е најдобар стрелец на Охрид со шест гола во есенскиот дел од Втората лига.

На седницата беа предложени тројца кандидати, Сашо Дуков, Љупчо Крстевски и Дејан Златанов, за истите се гласаше, а мнозинството од гласовите го доби Дуков, додека пак Златанов е назначен за секретар на клубот.

Управата на клубот ќе се формира во следните денови, а притоа досегашниот претседател на клубот, Игор Темелков им се заблагодари на сите за претходната соработка и поддршка.

Екипата на Росоман настапува во Трета лига – Југ.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!