Ракомет

Бојаниќ пред Мулти Есенс: Ако одиграме паметно и го дадеме максимумот, можеме да направиме добар резултат!

Сподели
Сподели



Младост в сабота ќе игра важен меч во рамките на 5. коло во Автокоманда, дуел против Мулти Есенс, каде тимот од Богданци ќе ја бара првата сезонска радост.

Натпреварите кои беа од „четворката“ со Вардар и Алкалоид следуваат три натпревари на кои тимот од Богданци ќе мора да ги добие и да ги освои двата бодови.

Искусниот Владимир Бојаниќ, кој летово го засили Младост, за Спортска Мрежа го најави мечот во Автокоманда. Бојаниќ кој летово дојде од редовите на Охрид, најпрво зборуваше за четири натпревари кои поминаа – за ремито со Бутел во Скопје, несреќниот пораз дома со Прилеп и двата тешки мечеви со Вардар и Алкалоид.

„Па, искрено, имавме малку тежок распоред. Тој бод против Бутел многу ни значи, се случи и несреќниот пораз, а потоа имавме две тешки натпревари против екипи од големата четворка. Но, мислам дека поразот од Прилеп е една поука која ја извлековме. Од овие четири натпревари научивме многу и секогаш можеме подобро, така што треба само да продолжиме да работиме“, изјави Бојаниќ за Спортска Мрежа.

Мечот во Автокоманда е исклучително важен, не само за Младост, туку и за Мулти Есенс во борбата за опстанок.

„Натпреварот со Мулти Есенс е многу важен, како за нас така и за нив, во борбата за опстанок и освојување на важни бодови. Во овие три натпревари може многу работи да се решат. Ако одиграме паметно и го дадеме максимумот, можеме да направиме добар резултат“, дополни Бојаниќ.



Србинот има само пофални зборови за публиката во Богданци, дополнувајќи дека за едно мало место кое има богата ракометна историја, вели дека сите заедно треба да направат добри резултати.

„За публиката во Богданци – „симнувам капа“. На овие три натпревари навистина имавме голема поддршка и се гледа дека Богданци е подготвен за големи натпревари. Моја желба е Богданци секогаш да игра во најсилна конкуренција, бидејќи ваквите места, со ваква публика на секој натпревар, заслужуваат многу. За едно мало место кое има богата ракометна историја, сите заедно треба да направиме добри резултати“, заклучи Бојаниќ.

Натпреварот меѓу Мулти Есенс и Младост се игра во сабота од 16 часот во Автокоманда.

☕ Поддржи ја Спортска Мрежа со едно кафе и помогни ни да продолжиме со секојдневното следење на македонскиот спорт

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Подготвени сме за натпреварот против Швајцарија

Репрезентацијата до 19 години на стартот од турнирот што се одржува во Македонија освои бод откако во првото коло играше без голови во...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија до 21 година поразена во Нови Сад од Србија

Младата репрезентација на Македонија до 21 година претрпе пораз од Србија, 2:0 во пријателскиот натпревар одигран во Нови Сад. Избраниците на Александар Таневски...

Поврзани написи
Ракомет

Младост утре гостува во „Билјанини Извори“ кај Охрид

Ракометарите на Младост утре гостуваат кај фаворитот Охрид во рамките на 10....

Ракомет

Дресот на Дибиров доби место во историјата на Скопје – Вардар со посебен подарок за Музејот!

Во пресрет на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер пред европскиот испит на сезоната: Битола се мобилизира за Гумерсбах!

Европската сезона на Еурофарм Пелистер влегува во решавачка фаза, а битолчани на...

Ракомет

Горан Кузманоски ја запиша првата победа на Кипар, Строволу броеше до 43!

Македонскиот стратег Горан Кузманоски стигна до првата победа во кипарскиот шампионат со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!