РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски по ремито со Црна Гора: Во вториот дел видов жар, борба и желба кај сите играчи!

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Селекторот на младата репрезентација на Македонија, Александар Таневски, по ремито 1:1 против Црна Гора во Битола, истакна дека не е задоволен од конечниот резултат, но е задоволен од реакцијата на своите фудбалери во второто полувреме.

Таневски посочи дека неговите избраници не го одиграле посакуваното прво полувреме, но по паузата покажале карактер и успеале да се вратат во натпреварот.

„Не сум задоволен од резултатот. Во првото полувреме одигравме како во грч, не успеавме да ја најдеме вистинската енергија иако противникот не направи многу за да дојде до предност. Сепак, успеа да постигне гол пред крајот на полувремето.

Во вториот дел бевме многу подобри. Излеговме со поинаква енергија, игравме тимски и покажавме карактер. Тоа е нешто што за мене е многу важно. Видов жар, борба и желба кај сите играчи, а на крајот имавме можност и да стигнеме до победа.

Сега ни следува Шведска, репрезентација која е на високо ниво. И таму очекувам од играчите борба, карактер и игра која ќе ни даде добра основа за она што следува во новиот квалификациски циклус.

Имаме простор за подобрување на сите позиции. Тоа, сепак, во голема мера зависи и од работата на играчите во нивните клубови, од нивната минутажа и форма. Особено дефанзивната линија е сегмент на кој треба да работиме и да бидеме подобри во следниот циклус.

Хоџа од Лидс е еден од адутите кои ги имаме за следниот циклус и очекувам и тој да биде важен дел од оваа генерација“, изјави Таневски.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Подготвени сме за натпреварот против Швајцарија

Репрезентацијата до 19 години на стартот од турнирот што се одржува во Македонија освои бод откако во првото коло играше без голови во...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија до 21 година поразена во Нови Сад од Србија

Младата репрезентација на Македонија до 21 година претрпе пораз од Србија, 2:0 во пријателскиот натпревар одигран во Нови Сад. Избраниците на Александар Таневски...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Подготвени сме за натпреварот против Швајцарија

Репрезентацијата до 19 години на стартот од турнирот што се одржува во...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија до 21 година поразена во Нови Сад од Србија

Младата репрезентација на Македонија до 21 година претрпе пораз од Србија, 2:0...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија со одлично второ полувреме, но Романија славеше во Букурешт

Женската сениорска репрезентација на Македонија со пораз го започна настапот во претквалификациите...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Ѓорѓиевски: Верувам дека Македонија може до позитивен резултат

А репрезентацијата на Македонија продолжува со подготовките за последните два натпревари од...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!